Универзитетот во Анкара му додели почесен докторат на црногорскиот претседател Милатовиќ

December 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Универзитетот во Анкара (АУ) му додели на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, почесен докторат во областа на економијата, јавува Анадолу.

Во Ректоратот на Универзитетот се одржа свеченото доделување на почесниот докторат на Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на Анкара.

Деканот на Факултетот за политички науки, проф. д-р Орхан Челик, рече дека Сенатот на Универзитетот во Анкара одлучил да му додели почесен докторат на претседателот Милатовиќ, кој потоа му го врачи ректорот проф. д-р Неџдет Унувар.

Црногорскиот претседател Милатовиќ во своето обраќање изрази благодарност за почесниот докторат и порача дека дипломатските врски воспоставени пред 145 години претставуваат важна основа во развојот на билатералните односи меѓу Црна Гора и Туркије.

„Соработката, особено во областа на науката и образованието, ја гледам како област на која треба да ѝ се даде посебен акцент во контекст на нашите земји и верувам дека токму вашиот универзитет во оваа област ќе има незаменлива улога“, ​​рече Милатовиќ.

Тој истакна дека титулата почесен доктор на науки ја доживува како особена чест и задоволство за сето она што досега го има направено во својата професионална кариера и што планира да направи во иднина.

„Денешниот настан е уште една симболична потврда за заемното почитување меѓу Црна Гора и Република Туркије. Горд сум што со овој значаен гест ќе го запишам моето име во историјата на вашиот универзитет и што сум дел од вашето образовно и истражувачко семејство. Ви посакувам да постигнете одличен успех во наредните години и успешно да ја продолжите мисијата за ширење на знаењето за доброто на вашата земја и народ, како и на сите луѓе што доаѓаат од странство да студираат на вашиот универзитет“, рече Милатовиќ.

Ректорот Унувар истакна дека двете држави имаат длабоко вкоренети и силни односи и дека Црна Гора отсекогаш важела за пријателска балканска земја.

Тој додаде дека двете држави со години ја зајакнуваат соработката во областа на образованието.

„Помеѓу 1992 и 2023 година околу 420 студенти од Црна Гора добија стипендии во Туркије. Во моментов, благодарение на овие стипендии, во нашата земја студираат околу 70 студенти“, рече ректорот.

На свеченоста присуствуваше и Милена Милатовиќ, сопруга на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Милатовиќ денес во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а по средбата ќе се одржи и заедничка прес-конференција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме

Следно

Белград и Нови Сад: Дел од опозициски инструираните студенти ги блокираа Ректоратот и факултетите

Latest from Blog

Некои спомени траат цел живот, додека други брзо бледнеат: Научниците знаат зошто

Нашите мозоци секојдневно примаат огромна количина на информации, но само мал дел од нив се пренесува во долгорочните сеќавања. Иако процесот на складирање на сеќавања може да нѝ изгледа случаен, истражувањето од

Бугарите од Македонија порадикални и поголеми Бугари од претседателот Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека, наводно, со впишување на Бугарите во Уставот Македонија  значително сме ќе го забрзале присоединувањето кон Европската Унија. – Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ значително

Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје. На настанот, крипто-ентузијастите

Проданоски: Прилеп оваа година ќе блесне со „Прилепска празнична приказна“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со голема свеченост го најави првиот Новогодишен базар во нов, проширен формат, кој ќе се одржи под мотото „Прилепска празнична приказна“. Манифестацијата ќе трае седум дена и
Go toTop