Запален автомобил на јавен обвинител и канцеларија на советник во Куманово

December 2, 2024
1 min read

Синоќа во Куманово се случиле неколку пожари, во кои изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и повеќе автомобили, а за пожарот во кој му изгоре канцеларијата, ноќеска извести самиот Јакупи на својот профил на Фејсбук.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.

На социјалните мрежи утрово е објавена и фотографија на која може да се види и запален автомобил за кој дел од медиумите кои известуват на албански јазик пишуваат дека е сопственост на високо позициониран јавен обвинител но не се соопштуваат детали.

Опозициската ДУИ на случајот веднаш му даде меѓуетничка димензија. Во соопштение испратено утрово кое тие го нарекоа „вонредно“ обвинија дека Албанците во земјава биле оставени на милост и немилост.

„Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден.“ – се вели во соопштението што го објавија од ДУИ.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија.

Обвинителството потврди дека еден од автомобилите е на јавен обвинител.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Отворено писмо на Сотир Костов до Димитар Апасиев

Следно

Алијанса за Албанците обвинува: Непотизам и партизација – приоритет на коалицијата ВЛЕН

Latest from Blog

Сестрата на Меланија Трамп открИ КАКО МЕЛАНИЈА ИЗГЛЕДАЛА ПРЕД ПЛАСТИЧАРИТЕ ДА ЈА СРЕДАТ

Козметичките хирурзи во разговор со DailyMail.com го коментираа изгледот на првата дама на Америка и заклучија дека таа мора неодамна да стави дополнителни филери за да го освежи лицето. Козметичките хирурзи во

Словачка ќе им забрани на пешаците да се движат со брзина поголема од 6 км/час

Вчера попладне, Парламентот во Братислава усвои измени на законот за сообраќај, со кои ќе се ограничи максималната брзина на тротоарите во урбаните средини на 6 километри на час. Мерката се однесува на

Ураганот се упати кон Бахамите

Националниот центар за урагани на САД во своето последно ажурирање соопшти дека центарот на Мелиса сега е само околу 80 милји (130 километри) од источните Бахами. Се движи кон островската нација со
Go toTop