Социјалдемократите победија на парламентарните избори во Исланд

December 2, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Левичарскиот Социјалдемократски сојуз освои победа на предвремените парламентарни избори во Исланд што се одржаа на 30 ноември, обезбедувајќи 15 места во 63-члениот Парламент, објави државната телевизија РУВ, пренесува Анадолу.

По изборите, Социјалдемократскиот сојуз значително го зголеми својот број на гласови, од 9 отсто на изборите во 2021 година на над 21 отсто, овозможувајќи ѝ на партијата речиси тројно да го зголеми бројот на места од 6 на 15.

Владејачката Партија на независноста, која победи на последните четири избори, освои 19 отсто од гласовите, а бројот на места во Парламентот ги намали од 16 на 14.

Прогресивната партија, коалиционен партнер, собра 7,8 отсто од гласовите, при што бројот на места во Парламентот падна од 13 на само 5. Другиот член на коалицијата, Партијата на Зелената левица, не успеа да обезбеди место во Парламентот.

Во меѓувреме, Реформската партија, која се пласираше на седмото место на изборите во 2021 година, доби 11 места последниве избори, со што стана трета по големина група во Парламентот.

Со овие резултати, се очекува 36-годишната Криструн Мјол Фростадотир, лидерката на Социјалдемократскиот сојуз, да ги започне коалициските преговори за обезбедување парламентарно мнозинство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг смета дека привремено отстапување територии на Русија се можност за мир во Украина

Следно

Хамилтон му се извини на Мерцедес за грешките во Катар

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop