Меѓусебни обвинувања за инцидентите – Вреди и ВМРО-ДПМНЕ го посочија ДУИ, оттаму велат дека се креира вештачки виновник

December 1, 2024
1 min read

ДУИ го искористи Денот на знамето за поларизација и дестабилизација, обвини коалицијата „Вреди“. Според претставниците на власта, овој обид на ДУИ бил спречен поради, како што додаваат, ефикасноста на Владата и 17 лица се уапсени. Од „Вреди“ повикаа да се намалат тензиите и кажаа дека дел од уапсените се фотографирани со функционери на ДУИ.

„Сите инволвирани во инцидентите на празничната ноќ ќе ја добијат заслужената казна без разлика. Со ова темпо ќе ги демаскираме плановите на поранешната власт за дестабилизација на државата. Тоа што беше дестабилизиран таканаречениот „Европски Фронт“ не значи дека треба да се дестабилизира државата.“, вели Арбен Фетаи.

За ДУИ овие обвинувања се лажни. Според нив, има обид ДУИ да се поврзе со инцидентите за да се покријат неуспесите и дискриминаторските политики на Владата. Од партијата додаваат дека ќе преземат правни мерки за одговорност на сите инволвирани во ширењето на, како што истакнаа, дезинформациите.

„Ги повикуваме антиалбанската влада и институциите веднаш да престанат со оваа опасна реторика и да се посветат на праведно, непристрасно и професионално справување со настаните. Наместо да креираат вештачки виновници, нека се фокусираат на истрагата за сите учесници во инцидентите, без разлика на нивната етничка припадност или политичка позадина.“, велат од ДУИ.

Од друга страна, социјалдемократите повторно повикаа на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии. Според СДСМ, само на овој начин може да се испрати јасна порака дека Македонија е и ќе остане држава на мирот и соживотот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, соопштија дека сценариото на СДСМ и ДУИ за креирање вештачка криза и дестабилизација е навремено откриено и разбиено. Од владејачката партија додаваат дека опозицијата се обидува да дефокусира поради страв од соочување со правдата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на македонскиот јазик и изложбата „Македонска глаголица“ на Трпков во Букурешт

Следно

Утре ќе се знае цената на струјата од 1 јануари?!

Latest from Blog

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење
Go toTop