ВИДЕО: Двајца загинати во невремето „Бора“ во Грција

December 1, 2024
1 min read

Две лица го загубија животот на грчкиот остров Лимнос, во невремето „Бора“ што од вчера ја зафати Грција, а Лимнос заедно со Родос се најпогодени, иако проблеми има и во други делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во поплавено село на островот Лимнос, вчера животот го загубија две лица, а голем дел од жителите беа евакуирани.

На Родос најпогоден беше градот Иалисос каде што улиците беа целосно поплавени, а според надлежниот префект Јоргос Хаѕимаркос биле спроведени десетици спасувачки акции, а предизвикана е материјална штета на домови, бизниси и на патната инфраструктура.

Проблеми има и во централниот и северниот дел на Грција, во Тесалија и на Халкидики, каде што исто така имаше поплавени улици.

Од бројот 112 за итни случаи во изминатите 24 часа беа испратени низа предупредувачки пораки во повеќе области на земјата, на островот Родос информираа дека е воведена забрана за движење со возила поради штетата предизвикана на патната инфраструктура, а од оние што се наоѓаат во конкретни населби на Халкидики, во Солун, Лариса, како и во Платамона, Лептокарија, Скотина и Неи пори беше побарано од граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Противпожарната служба на Грција од вчера претпладне до утрово во 5.30 часот примила 1.076 повици за помош, од кои 600 биле на Родос, додека пак од Атина за островот заминале 35 пожарникари со два спасувачки чамци, а на Лимнос биле испратени 25 пожарникари.

Според прогнозите од Националната метеоролошка служба на Грција невремето во одредени делови на земјата ќе трае до понеделник, а од противпожарната служба испратија апел до граѓаните „да бидат особено внимателни и при појава на интензивни временски појави, да ги следат упатствата на надлежните органи“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока

Следно

Четворица приведени: Врбувале Бразилки на проституција во два стана во Скопје, наплаќале до 800 евра

Latest from Blog

Албумен- човек кој си го сменил името поради љубов кон музиката и има над 23.000 албуми (ВИДЕО)

Тоа не е прекар – тоа е неговото законско име. Роден како Џим Комптон, тој официјално го промени во Албумен Комптон во 2005 година поради неговата длабока љубов кон музиката и собирањето

Потер е веќе во Шведска, наскоро ја презема репрезентацијата

Шведскиот спортски весник „Експресен“ тврди дека Греам Потер е првиот избор на Шведска за нов селектор на репрезентацијата. Според изворот, поранешниот менаџер од Премиер лигата е главен приоритет на Шведска. Шведската фудбалска

Божиновска: Македонија останува активен партнер во сите механизми на Берлинскиот процес

Берлинскиот процес претставува значајна платформа за соработка меѓу земјите од Западниот Балкан и европските партнери, со цел унапредување на регионалната интеграција, економски раст, подобрување на инфраструктурната конективност, како и приближување кон стандарди

Трамп и Путин најавуваат средба во Будимпешта за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денес соопштија дека следната недела нивните советници ќе се сретнат на високо ниво, а по тоа и двајцата лидери ќе имаат средба во
Go toTop