Тошковски: Не смееме да дозволиме вакви немили настани да не однесат во погрешна насока

November 30, 2024
3 mins read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

– Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

– Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

-Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

-Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

-Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

-„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Нападите во Косово имаат за цел дестабилизација“: Реагира претседателот на Собранието и вицепремиерот на Македонија

Следно

Ердоган: „Туркије повеќе не е земја во која преку марионети може да се изврши државен удар“

Latest from Blog

Излеани хемикалии во скопска Пинтија – на терен инспектори, напишаа казна од 45 илјади евра и затворање на погонот!

Од Град Скопје информираат дека во текот на денешниот ден во нас. Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Планираните разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за втората половина од денот на иницијатива на турската страна. Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. 

Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Она што е договорено е договорено и нема веќе за што преговараме. Со оваа порака дојде претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, одговарајќи на прашањето дали Европската унија ќе понуди некакви гаранции

Турскиот министер Фидан: Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност

АНТАЛИЈА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес нагласи дека Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност, јавува Анадолу. „Како втора по големина војска

Ѕвездата на Реал жестоко реагираше на шпекулациите за заминување

Бразилецот Родриго Силва де Гоес, офанзивец на Реал Мадрид, јасно ги демантираше тврдењата за негово заминување од шпанскиот гигант. Како што сезоната се ближи кон крајот, во Мадрид веќе интензивно се зборува
Go toTop