Меџити за инцидентите со знамињата: Сите кои го прекршиле законот ќе одговараат

November 30, 2024
1 min read

Во изјава за медиуми вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити вели „за инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицо кој го прекршил законот“.

Тој нагласи дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат.

-28 ноември или отпочинувајќи од 22 ноември – Денот на албанската азбука беше прославено како никогаш досега, со свечен седница на Владата и други настани и прослави се до завршување со концертот на плоштадот Скендербег. Евидентно е дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат како што е случајот во Митровица. За време на прославата се течеше добро, но тоа не годеше на некои и за жал злоупотребија млади луѓе за да не биде се како што треба. Најодговорно како прв заменик премиер тврдам сите тие кои згрешиле по член 393 ќе одговараат. И тие кои запалија и сквернавеа државно знаме, и тие со албанското знаме во Прилеп, ќе добијат кривични пријави. Ќе се покрене дисциплинска постапка за полицаецот од Куманово кој место да држи ред и мир, се бави со знамињата што не е негова одговорност. Тоа е одговорност на општината или на јавното претпријатие кое ги поставува и ги отстранува знамињата, а во овој случај не беше така, рече тој посочувајќи дека Владата повикува да се смири ситуацијата, со ладни глави ќе постапат кон сите тие кои го прекршија законот. 

Во однос на најавената иницијатива на ДУИ за интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, вицепремиерот рече дека треба да се остават институциите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај, како што кажа, ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација.

-Треба да оставиме на органите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација, се вработени во нивните претпријатија и ред други работи. Подобро е прво јавноста да се соочи со аргументите, фактите кој и како делувал во текот на прославата. Никој не е казнет зошто има прославено или уважил некое знаме, туку напротив сите ќе бидат казнети кои го прекршиле законот. Ќе оставиме на органите да ги дадат информациите, но случајно или не испаѓа дека се луѓе блиски до ДУИ, работат во нивните јавни претпријатија каде што се нивни директори и се сликани со нив, рече Меџити. 

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зелен хуман град: Советниците континуирано одбиваат да одобрат набавка на нови автобуси за ЈСП, со што намерно се продлабочува кризата во јавниот превоз

Следно

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Latest from Blog

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,

Проданоски: Инвестираме во инфраструктура што носи економски раст

Прилеп добива нова инфраструктурна инвестиција која треба да придонесе за економскиот развој на градот и привлекување нови инвеститори. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека се наоѓа во завршна фаза изградбата

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа. Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав
Go toTop