Фидан: „Вооружувањето на Блискиот Исток и Азиско-пацифичкиот регион може да го доведе светот до работ на бездна“

November 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во саботата рече дека вооружувањето на Блискиот Исток и на азиско-пацифичкиот регион е во пораст и предупреди дека тоа може да го доведе светот до работ на бездна и опасност од нуклеарна војна, известува Анадолу.

Истакнувајќи дека глобалниот систем се соочува со три конвенционални војни во исто време, од кои сите имаат глобални последици, министерот Фидан истакна дека Туркије е во самиот центар на овие војни.

„Стабилноста на Блискиот Исток, Јужен Кавказ и Источниот Медитеран, како и на Црното Море се примарна цел за нас“, рече Фидан на Светскиот форум на ТРТ 2024, што се одржува во Истанбул.

Тој посочи дека дека Обединетите нации, организација создадена за зачувување на меѓународниот мир и безбедност, не ја исполниле својата мисија.

„Ниту еден поредок не може да биде одржлив доколку не се темели на правдата“, додаде Фидан.

Министерот за надворешни работи на Туркије ја истакна потребата од реформирање на глобалната заедница во различни подрачја, вклучително и политиката, економијата и судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинската управа постигнала рекордна наплата на приходите

Следно

Левица бара одговорност и оставка од Тошковски

Latest from Blog

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop