Претежно облачно и постудено со повремени врнежи

November 30, 2024
1 min read

Претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во деновите од викендот ќе има повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ поради криминално стекнатиот капитал сеат раздор

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop