Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

November 29, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, на вториот ден од официјална посета на Црна Гора, ќе има средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.

Вчера, Сиљановска Давкова во Цетиње оствари средба со својот домаќин, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, а беше одржан и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

По одржувањето на заедничката прес-конференција двајцата претседатели засадија дрво на пријателство во дворот на претседателската резиденција.

Претседателката Сиљановска Давкова вчера во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челси месец дена без Рис Џејмс

Следно

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

Latest from Blog

Меџити: Жителите на Саат Кула добиваат нова водоводна и канализациска мрежа

Во населбата Саат Кула привршува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – реконструкцијата на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити.

Коњановски: Битола домаќин на балканска џудо елита до 14 години

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека градот викендов е центар на балканското џудо, откако свечено го прогласи за отворен Балканското првенство во џудо за деца до 14 години. На натпреварите, кои
Go toTop