Пренџов: Наместо да менувате 3 министри треба да излезе Ковачевски и да каже дека одиме на предвремени парламентарни избори

February 17, 2023
1 min read

Треба да одговорите премиере зошто една дилема, еден лош збор немате кон досегашните министри од Алтернатива? Чесно е да знае јавноста ако некој го менувате да знае зошто го менувате, или можеби има други комбинаротики во позадина, изјави на денешната собраниска седница, пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не ми одговоривте премиере кога ќе ве прашаат во Берлин која држава има највисока инфлација? Македонија. Која држава има најмалку странски инвестиции? Македонија. Во која држава има најмал БДП. Пак треба да кажете Македонија и дека Косово е пред нас, рече Пренџов.

Во однос на Бугарија, Пренџов го посочи дека Ковачевски е должен да одговори на граѓаните зошто рекол пред коалиционите партнери дека случајот Пендиков бил насилство меѓу наркодилери, а потоа се прави нешто друго.

Да го прашам премиерот за изјавата на довчерашниот министер за локална самоуправа каде вели дека Ковачевски е заложник на Груби и Радев и вели дека не се релаксираат односите. Ве обвинуваат дека европскиот фронт измислена конфротација за поделби и најинтересно што истакна дека МВР го расчистило случајот со Пендиков дека станува збор за тепачка од наркодилерство, дека е направена истрага и нема врска со она кое досега се зборува во јавноста. Добро е пратениците да знаат која е причината за определени граѓани да стануваат Бугари, рече тој.

Пренџов посочи дека се постапи како оваа држава да нема институции си го зеде друга држава без да даде исказ за тукашните институции.

– Наместо да менувате 3 министри треба да излезете и да кажете дека одиме на предвремени парламентарни избори, овие граѓани заслужуваат почит и вреднување и ако мислите дека се е супер, се е розово, ајде да одиме на избори. Никој од нас немаше во програма дека ќе менува Устав, рече Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија

Следно

Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост на јавните објекти

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop