Штрајкот на персоналот на германските аеродроми погодува стотици илјади патници

February 17, 2023
1 min read

Според здружението „АДВ ерпортс“ (ADV Airports), околу 295 000 патници биле погодени од откажувањето на 2 340 лета на аеродромите во Бремен, Дортмунд, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен и Штутгарт

Предупредувачки штрајк на неколку германски аеродроми, Фото: EPA-EFE/HOSAM KATAN

Седум германски аеродроми денеска одржуваат 24-часовен штрајк, кој може да погоди речиси 300 000 патници, бидејќи членовите на синдикатот бараат зголемување на платите.

„Терминалите се празни утрово“,

изјави портпаролот на аеродромот во Хамбург додавајќи дека се појавиле само мал број од 32 000 очекувани патници, пренесува Хина повикувајќи се на Ројтерс.

Според здружението „АДВ ерпортс“ (ADV Airports), околу 295 000 патници биле погодени од откажувањето на 2 340 лета на аеродромите во Бремен, Дортмунд, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен и Штутгарт.

„Кога ги видовме терминалите на аеродромот утрово, тие повеќе нè потсетија на најлошите денови од пандемијата на коронавирусот отколку на предупредувачки штрајк“,

рече Ралф Бејзел од АДВ за телевизија Бајеришер рандфунк.

Предупредувачки штрајк на неколку германски аеродроми, Фото: EPA-EFE/HOSAM KATAN

Германскиот синдикат „Верди“ го најави штрајкот во средата, појаснувајќи дека преговорите за колективен договор за копнениот персонал, вработените во јавниот сектор и работниците за воздушна безбедност постигнале мал напредок.

„Ако ништо не се преземе во врска со платите сега, сите нас нè чека уште едно хаотично лето. Ова е можност да се испрати силен сигнал“,

изјави заменик-претседателката на „Верди“, Кристин Беле, за Инфорадио.

Штрајкот се совпаѓа со 59. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ).

Романскиот министер за надворешни работи, кој требаше да пристигне со еден од откажаните летови, ќе слета на австриски аеродром наместо во Минхен, а потоа ќе вози повеќе од четири часа до Минхен за да дојде до конференцијата, изјави претставник на романската амбасада во Берлин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Три лица повредени во сообраќајка кај обиколница

Следно

Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во
Go toTop