Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

November 26, 2024
1 min read

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител.

Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.

-По мене поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Фрација и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ- рече вицепремиерот Николоски и додаде:

“За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да превзме обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е тој популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада” истакна вицепремиерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

Следно

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop