Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

November 26, 2024
2 mins read

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква.

Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024).

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско” и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Градоначалничката на Град Скопје нема да се кандидира на претстојните локални избори

Следно

Реслер: Хрватска може да и биде „спонзор“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

За само еден ден, шест пожари во Кумановско

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце

Постепено се нормализира сообраќајот во Белград по синоќешните блокади

Се нормализира постепено утрово сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија.  Во текот на

РЕКОРДЕН МАЈ СО ВЛТ ДОБИВКИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА  ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Фантастични 69.662.549 денари Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите во мај, за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 21 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 2075 играчи кои

Најубавата фудбалерка во бикини ги „запали“ мрежите: После ова, сите сакаат да гледаат женски фудбал

Хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ, која е прогласена за најубава фудбалерка во светот, објави ново видео од плажа, кое особено ги воодушеви нејзините обожаватели. Имено, на снимката Ана Марија ги покажува своите

Британското рап дуо кое скандираше „Смрт за Израелските одбранбени сили“ може да добие забрана за влез во САД

ИСТАНБУЛ (АА) – На британското панк-рап дуо „Боб Вилан“, кое во саботата ја предводеше публиката во скандирањата „Слободна, слободна Палестина“ и „Смрт, смрт за ИДФ (Израелски одбранбени сили)“ за време на нивниот
Go toTop