(ФОТО+ВИДЕО) Новинарски марш: Да престане потценувањето и омаловажувањето

February 17, 2023
2 mins read

„Новинарството на удар, ние сме обединети”, „Нема да молчиме”, „Сиромаштија = самоцензура”, „И претходно пробаа да нè замолчат, не можеа. Нема ни сега“, „Стоп за агресивниот државен пиар“, се дел од пораките кои тие ги упатија и преку транспарентите што ги носеа на протестот

Стоп за потценувачкиот однос на јавните функционери, државниот пиар да не ја зема работата на новинарите, законите што ги засегаат медиунскте работници да се спроведуваат, достоинствени услови за работа, колективен договор, се дел од пораките и барањата што новинарите и останатите медиумски работници ги побараа на денешниот протестен марш.

Протестот започна пред владата, а оттаму со транспарент „Марш за одбрана на новинарското достоинство“, тие се упатија кон Собранието.

Пораки до институциите испратија и оттаму.

Новинарката Душица Мрѓа потсети за правдата што не ја добија новинарите кои на 27 април 2017 година известуваа при упадот во Собранието, а судовите им ги одбија тужбите со образложенија дека не носеле шлемови или панцир, не биле новинари затоа што работеле во портали итн.

„Држава без правда не може да биде држава, веќе не е ни селективна правдата, особено за новинарите. Нема правда, има купен мир“,

рече Мрѓа.

Новинарите на протестот се осврнаа и на нападите врз медиумските работници, како и се послабиот интерес кај младите да се занимаваат со оваа професија.

“Никој не треба и не смее, лично или преку посредници да се пресметува и да  дискредитира новинари, само затоа што не му се допаѓа она што го објавуваме, а го објавуваме бидејќи за тоа постои јавен интерес. Сите истражувања укажуваат на тоа дека жените во оваа професија почесто се изложени на напади, кои за наша среќа засега во најголем дел се само вербални. Важно е надлежните органи брзо и ефикасно да реагираат за секоја поединечна пријава, оти вербалното насилство многу лесно може да стане физичко, или да ги одврати новинарките од намерата да истражуваат за одредени теми. Друг за нас важен аспект е тоа што новинарството станува се понеатрактивна професија за младите. И оние малкумина млади луѓе кои се одлучуваат и високото образование да го завршат во оваа област, уште при првото вработување се престројуваат во друга професија, што е поразително за нас. Затоа е важно сите претходно истакнати барања на колегите денеска да се исполнат, за да не се доведеме во ситуација секој нареден собир главно прашање да биде недостатокот на млад и обучен кадар, а долгорочно да остане отворено прашањето кој ќе остане да се занимава со оваа професија во државава”,

рече новинарката Славица Филиповска-Иванова, која е и член на Извршниот одбор на ССНМ.

Новинарката Сашка Цветковска зборуваше и за тужбите кон новинарите од функционери и бизнисмени, како о за тоа што често новинарите се мета на квази новинарски портали.

Новинарите од внатрешноста, пак, побараа достоинствени плати, формирање фонд за поддршка на регионални медиуми, националните телевизии да вработат дописници, сниматели и монтажери, а не да ги ангажираат со договори на дело како хонорарни.

„Новинарството на удар, ние сме обединети”, „Нема да молчиме”, „Сиромаштија = самоцензура”, „И претходно пробаа да нè замолчат, не можеа. Нема ни сега“, „Стоп за агресивниот државен пиар“, се дел од пораките кои тие ги упатија и преку транспарентите што ги носеа на протестот.

Протестниот марш го организираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Или ќе го избришеме чатботот на Микрософт, или тој ќе не избрише нас, а може и не

Следно

По разорните земјотреси во Туркије, под урнатините фотографии и спомени од среќните времиња

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop