Меѓународна изложба во МСУ – „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“

November 25, 2024
2 mins read

Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена на 5 декември, во 20 часот.

Во поставката „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, во соработка со Метју Фулер ќе се претстават и Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа.

Куратори на изложбата се Метју Фулер и Тихомир Топузовски.

Изложбата се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики, како евиденција за војните денес и наедно ја степенува важноста на истражувањето и поврзаноста меѓу естетиката и насилството. Изложбата прикажува шест проекти, кои ги истражуваат и анализираат овие состојби. Секое поединечно дело влијае на разбирањето на одредени случаи во подрачјата со воени конфликти, воедно приложувајќи евиденција, a делата претставуваат и повик за праведност.

„Војната е сеприсутна денес. Како да го сфатиме тоа? Војната зазема сè повеќе простор, посредувана преку технологиите, кои влијаат врз нашите сетила, како и врз нашите дејствувања. Покрај уништувањата што ги предизвикува војната, дејствува и преку сферата на сетилноста и врз сетилата. Пред сѐ, преку технологиите кои ги посредуваат начините на кои го искусуваме, спознаваме, интерпретираме, класифицираме и опстојуваме во светот. Гледајќи ги конфликтите како енормна количина податоци, кои циркулираат онлајн со значителна брзина, тие ги трансформираат чувствата и искуствата; особено преку она што се подразбира како информатичка војна, кампања на дезинформации, како и автоматизираноста на самото војување денес. Развојот на технологијата ги прераспределува приказите на кризите и воените конфликти, претставувајќи место на одвивање на војната, како и дел од секојдневните вести“, велат кураторите. 

Оттаму, „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ja воочува естетиката како основна на феноменот на војната.

Лоренс Абу Хамдан е независен истражувач во полето на звукот. Неговите истражувања се сосредоточени на звукот и говорот, користејќи ги, како докази во Трибуналот во Велика Британија за азил и имиграција. Исто така, неговите дела се застапувани од организации како што се: „Amnesty International“ и „Defence for Children International“. Абу Хамдан има докторирано во 2017 година на Универзитетот „Голдсмит“ во Лондон и добитник е на наградата „Тарнер“ во 2019 година заедно со неколку уметници, истата година.

„Бејрут урбан лаб“ е интердисциплинарна група со седиште на Американскиот универзитет во Бејрут. Оваа група се занимава со истражувања, кои се однесуваат на урбанизацијата, со цел документирање и разбирање на процесите на трансформациите во Бејрут, Либан, поширокиот регион, како и градовите воопшто. Посветени на визуелните пристапи и методологии, Beirut Urban Lab имаат создадено географски бази податоци, интерактивни платформи и повеќекратни мапирања на урбани системи во текот на изминатите години, со крајна цел, замислување алтернативни модели на просторно закрепнување и обновување.

„Центарот за просторни технологии“ е интердисциплинарен истражувачки колектив од Киев, специјализиран во правење просторни анализи, визуализирања и моделирања. Нивните практики вклучуваат документирање и анализирање бројни случаи на насилства во Украина денес.

Колективот „Форензичка архитектура“ е истражувачка група со седиште во Лондон, основана во 2010 година. Преку користење архитектонски модели, уметнички цртежи и анимации, тие воспоставуваат нови форми на истражување, поврзани со човековите права. Нивната работа е користена како доказен материјал во меѓународните судови, и исто така е преставена во најреномираните уметнички институции низ светот.

Кумјана Новакова  е филмска режисерка и кураторка, и предава аудиовизуелни методологии.  Новакова е една од основачите и главна кураторка на „Право-људски фестивал“. Преку нејзината работа ги истражува темите поврзани со моќта, војната, сеќавањата и отпорот. Новакова живее помеѓу Сараево и Скопје.  

„ЈоХа (Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд)“ е уметнички колектив од Англија. Првенствено работаат на начините преку кои технологиите на базите на податоци создаваат различни видови општествени услови. За овој проект, како и за некои други, „ЈоХа“ соработува со Метју Фулер, ко-куратор на оваа изложба. Метју Фулер е професор по Kултурни студии на „Голдсмитс“, Универзитетот во Лондон. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката.

Графичкиот дизајн за изложбата е на Денис Сарагиновски, а изложбениот дизајн го подготви Јован Ивановски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Следно

Таравари: „Албанскиот јазик не е еднаков со македонскиот, наша цел треба да биде повлекувањето на 20%“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop