ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

November 25, 2024
1 min read

Сите форми на насилство врз жените се одвратни и тие претставуваат кршење на човековите права и поткопување на основни вредности на Европската Унија се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

– Нашата посветеност да ставиме крај на насилството врз жените ширум светот е клучен приоритет за надворешната акција на ЕУ, не само во улогата на ЕУ како главен хуманитарен донатор. Ја потврдуваме нашата цврста посветеност на итно искоренување на насилството врз жените и девојчињата во соработка со земјите партнери, граѓанското општество, групите за правата на жените и бранителите на човековите права, се вели во изјавата. 

ЕК и Борел натаму посочуваат дека жените низ целиот свет продолжуваат да трпат неискажливо физичко, сексуално, психичко и економско насилство, како офлајн, така и онлајн.  

– Жените и девојчињата, исто така, го носат товарот и од непосредните насилни, но и од трајните ефекти на војната и конфликтот, што резултира со несразмерност во економски проблеми. Ситуацијата е особено драматична во контекст на хуманитарните кризи, каде случаите на сексуално насилство поврзани со конфликти и трговија со луѓе, честопати остануваат непријавени, се потенцира во изјавата на ЕК и Борел. 

Тие посочуваат дека по пристапувањето кон Истанбулската конвенција, која ги опфаќа досега најамбициозните и најсеопфатни стандарди за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, Европската Унија годинава го усвои првиот свој закон за ефикасна борба против насилството врз жените и семејното насилство, како надополнување на постојното законодавство во земјите членки на ЕУ.  

– Сега имаме дополнителни алатки за борба против таквото насилство, и офлајн и онлајн, за да се осигураме дека жените и девојките можат да бидат безбедни и да живеат без страв, да обезбедиме конкретни услуги за поддршка за жртвите, како и одговорност за сторителите. Ги повикуваме сите земји членки брзо да ги применат овие значајни мерки, се додава во изјавата на Еврокомисијата и високиот претставник на ЕУ, Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ново судско рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

Следно

СИРИЗА избра нов лидер

Latest from Blog

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со
Go toTop