АНКАРА (АА) – Турскиот главен град Анкара е покриен со бела покривка по снежните врнежи, кои одвреме-навреме го зголемуваа својот интензитет, јавува Анадолу.
Снегот во раните утрински часови создаде слики како од разгледници во парковите, кои се центар на атракција во градот.
Во бело се покриени и Аниткабир, мавзолејот на основачот на Република Туркије Мустафа Кемал Ататурк, плоштадите Улус и Сихије и паркот Кугулу.
Граѓаните кои дојдоа во паркот Кугулу, од прекрасниот пејсаж направија многу фотографии и уживаа во моментот.
Надлежните екипи интензивно работат на чистење на снегот со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот, како и движење на пешаците.
Извор: Anadolu Agency (AA)