Зошто беше спречен концертот на „Танец“ во 2006 година?

November 23, 2024
1 min read

Марко Коловски, нашиот познат музиколог и поранешен директор на Националниот ансамбл Танец во периодот од 2002 до 2006 година, во објава на социјалните мрежи потсети дека во 2006 година, тогашниот министер за култура Илиријан Бекири од ДПА, во тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го сречил одржувањето на концертот на нашиот глобално прославен ансамбла на народни персни и игри.

„По неверојатниот успех на новогодишниот концерт од претходната, 2005-та година (две целосно распродадени сали на МОБ, со цена на билети од 1.000 денари, – нешто слично како денешни 3.000), тогашните пријатели и спонзори на „Танец“ – ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – Скопје, ЕУРОТАБАК – Скопје, Дуна компјутери – Скопје и КЛС Продукција – Скопје, решија да застанат уште посилно зад овој проект на Танец, кој веќе беше играчки компетитивен (а уметнички посилен!) со тогаш светски познатите   Lord of the dance и со Огновите од Анадолија“, напиша Коловски.

Како гостин на концертот бил предвиден и Тоше Проески, а целата концепција, која го носеше насловот СИНТЕЗИ 2, и требаше да биде (и ќе беше) скалило погоре од оној од пред една година.

„Како и да е, да не должам. На 1. декември, тогашниот Министер за култура Илиријан Беќири (сосема јасно – по туѓ налог), донесе решение што de facto значеше спречување на одржување на концертот. Реакциите на јавноста потоа веќе се историја на која малкумина се сеќаваат, а во мојата архива останаа ликовните решенија на веќе отпечатените над 1000 покани, кои во оваа објава за прв пат ќе ги види јавноста (однадвор и одвнатре). За ук и за наук!“, потсетува Марко Коловски.

Во прилог на објавата, Коловски ја приложува поканата и флаерот за концертот на кои има информација дека на двата концерти кои биле предвидени, на репертоарот биле предвиени 20 различни кореографии.

„Дваесет! И уште наЈмалку толку на другите концерти. Каков репертоарски раскош!“, напиша нашиот познат музиколог и поранешен директор на Националниот ансамбл Танец во периодот од 2002 до 2006 година Марко Коловски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Следно

СДСМ утре бира новото раководство на партијата

Latest from Blog

Американската војска потврди дека ги предале сите главни бази во Сирија

Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат напорите на партнерите во борбата против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на американските

Меџити: Голема инвестиција во Чаир – Улица 157 се реконструира со над 8 милиони денари

Во рамки на инфраструктурните активности, во Општина Чаир се реализира проект за уредување на улицата 157, со вкупна инвестиција од над 8 милиони денари, соопшти Изет Меџити. Работите опфаќаат асфалтирање на делницата

Јапонија договори најзначајна продажба на воена опрема во последните 11 години- Австралија ќе плати милијарди

Ова е најголемата продажба на воена опрема на Токио откако беше укината забраната за извоз на оружје во 2014 година. Министрите за одбрана Ричард Марлес и Шинџиро Коизуми потпишаа меморандум „со кој
Go toTop