Министер Перински во посета на Радовиш: „Создаваме иднина“ – југоисточен енергетски ефикасен регион

November 22, 2024
1 min read

Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, а во чии рамки досега се поставени фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш во насока на создавање на енергетски ефикасен регион.

Денеска, министерот Златко Перински беше во посета на Општина Радовиш каде заедно со градоначалникот Ацо Ристов, градоначалниците на Конче и Василево, Златко Ристов и Славе Андонов ги посети објектите на кои се поставени фотоволтаичните системи, а ги слушна и досегашните позитивни искуства од имплементацијата на проектот.

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, истакна дека благодарение на поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, Општината со соседните општини Конче и Василево целосно го аплицирала проектот кој за нив е од големо значење.

„Ме радува што сум домаќин на овој мега невообичаен проект со кој значително ќе ги намалиме трошоците, зголемиме енергетската ефикасност, а добивките ќе може да ги реинвестираме во инфраструктура и други приоритети од интерес на граѓаните. Генерално ќе имаме големи заштеди и повеќекратен бенефит“, истакна Ристов.

Општините Василево и Конче ќе користат по 25 отсто од произведената електрична енергија, чии градоначалници, Славе Андонов и Златко Ристов, изразија голема благодарност за поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

Според министерот Перински, овој проект е одличен пример како може да се искористат 300 просечни сончеви денови во југоисточниот регион.

„Ова претставува клучен фактор за одржлив развој, за унапредување на животниот стандард со оглед на тоа дека со овој проект се создаваат услови за намалување на потрошувачката на електрична енергија што директно влијае на економскиот раст. Во случајов, не само што го промовираме користењето на обновливи извори на енергија, туку овозможуваме долгорочна енергетска сигурност што влијае и на унапредување на квалитетот на живот. Ова е и одличен пример за меѓуопштинска соработка и сметам дека може да се реплицира и во други општини и региони. Со имплементацијата на овој проект се вклучуваме и на трендот за искористувањето на обновливите енергетски потенцијали за зачувување на природната околина, а позитивно влијаеме и на енергетските состојби во целата земја“, посочи Перински.

Според Ѓоко Камчев, директор на Центарот за развој на Југоисточниот регион, со овој проект е направен голем чекор за иднината, за создавање енергетски ефикасни општини со што драстично се намалуваат трошоците за електрична енергија. Тој ги охрабри останатите локални единици и региони, да го следат примерот на овој проект во насока на поефикасни општини во однос на енергетската ефикасност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије го осуди терористичкиот напад во Пакистан

Следно

Дудуш ја обвини Арсовска за расизам: ЈСП автобусите како да носат знак „забрането за Роми“

Latest from Blog

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во

Димитриеска-Кочоска: Владата останува фокусирана на инфлацијата и економската сигурност

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за
Go toTop