Започна новогодишното украсување во Центар – се поставуваат внимателно избрани декорации, елки и светлосни фигури

November 22, 2024
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека синоќа започна новогодишното украсување на улиците. „Со внимателно избрани декорации, елки и светлосни фигури, сакаме да создадеме празнична атмосфера која ќе ги обедини нашите сограѓани“, истакна Герасимовски.

Празничните декорации ќе бидат поставени на познатите локации како Сквер Јадран, Боемска, Сквер Капиштец и парк Капиштец. Покрај тоа, ќе бидат поставени дрвени куќички и зимски украси. На плоштадот „Јадран“ ќе се одржи новогодишен базар со бројни настани и забави, а се планираат и настапи на македонски музичари.

„Целта е да го поттикнеме заедничкото празнување и да ја збогатиме атмосферата во пресрет на Новата година. Празничното украсување ќе трае до 2 декември“, додава Герасимовски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИВЗ СЕ ПРОТИВИ НА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ЈЕНИ ЏАМИЈА ВО МУЗЕЈ НА ХРИСТИЈАНСКАТА И ИСЛАМСКАТА КУЛТУРА, БАРА ДА Ѝ СЕ ВРАТИ ЗА ДА БИДЕ ВЕРСКИ ОБЈЕКТ

Следно

Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop