Италијанскиот министер за одбрана Крозето: „Ако Нетанјаху и Галант дојдат во Италија, ќе мораме да ги приведеме“

November 21, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето рече дека верува дека е погрешно што Меѓународниот кривичен суд (МКС) издал налог за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, но дека ако и двајцата дојдат во Италија, според меѓународното право, ќе бидат принудени да ги приведат, известува Анадолу.

Според веста на италијанската агенција АНСА, Крозето во својот говор на еден тв-канал изјавил дека верува оти е погрешно што МКС денеска издал налог за приведување на Нетанјаху и Галант и додал:

„Бидејќи сме страна на МКС, ако Нетанјаху и Галант дојдат во Италија, ќе мораме да ги приведеме. Ова не е политичка одлука, туку имплементација на меѓународното законодавство.“

Од друга страна, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани во својата изјава во врска со одлуката на МКС рече:

„Ќе видиме кои се причините кои го турнаа судот да ја донесе оваа одлука. Го поддржуваме МКС, секогаш потсетувајќи дека судот треба да игра правна, а не политичка улога.“

Оваа изјава на Тајани наиде на реакција на пратениците и сенаторите од пратеничката група на опозициското Движење 5 ѕвезди.

Во заедничката изјава, парламентарците на Движење 5 ѕвезди наведоа дека зборовите на министерот Тајани се шокантни и срамни и потсетија дека високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел потсетил дека одлуките на судиите во Хаг се обврзувачки и за членките на ЕУ.

МКС денес објави дека издал налог за приведување на израелскиот премиер Нетанјаху и на поранешниот министер за одбрана Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Бутел Костовски вечерва оствари пријателска средба со жителите на Луботен

Следно

Патувањето продолжува: Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Latest from Blog

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми
Go toTop