Градоначалникот на Бутел Костовски вечерва оствари пријателска средба со жителите на Луботен

November 21, 2024
1 min read

Градоначалникот на Бутел Костовски вечерва оствари пријателска средба со жителите на Луботен

Вечерва во пријателска атмосфера заедно со директорот на скопскиот Катастар, Дејан Митровски одржавме средба со жителите на Луботен на која разговаравме за важни проекти кои се очекува да донесат значителни подобрувања во овој дел од ова општина.

Според Костовски, во фокусот на дискусијата бил мегапроектот за изградба на водоводната мрежа што ќе ги поврзе Луботен и Лубанци, долгоочекувана инвестиција која наскоро ќе стане реалност. Со овој проект ќе се обезбеди стабилно снабдување со вода за жителите од овие области, со што значително ќе се подобри квалитетот на животот.

Исто така, на оваа средба се разговараше за нови инвестиции во основното училиште и приоритети за асфалтирање на нови патишта, проекти насочени кон олеснување на пристапот и подобрување на патната инфраструктура.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, пред присутните рече дека ВМРО-ДПМНЕ со својата чесна и искрена политика постигна силна поддршка на последните парламентарни избори, обезбедувајќи над 200 гласа во Луботен. Овој резултат претставува историски напредок и надминување на табу темите, што ја докажува зголемената доверба на граѓаните во насока на локалните и националните политики.

Општина Бутел продолжува да биде пример за посветеност на одржлив развој и подобрување на животот на своите граѓани.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јорданова: Уставните измени не се сè што бара Бугарија, ова е позната тактика „салама“

Следно

Италијанскиот министер за одбрана Крозето: „Ако Нетанјаху и Галант дојдат во Италија, ќе мораме да ги приведеме“

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop