„Црната листа“ наскоро со нови имиња – Агелер: Додека зборуваме, голем број лица се проверуваат

November 21, 2024
1 min read

Најверојатно „црната листа“ на САД ќе биде проширена со нови имиња од земјава. Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека во Вашингтон постојано се разгледуваат имињата кои може да се најдат на оваа листа. Американската „црна листа“ последен пат доби нови имиња во март годинава кога на неа се најде градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Листата е отворена за дополнување, рече Агелер.

„Листата е многу динамична, постојано се проверуваат имиња и се дискутира за нив. Немам временска рамка бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве уверам дека додека зборуваме голем број имиња се проверуваат и секогаш е можно да се додадат нови имиња. Така што ќе дознаете кога тоа ќе се случи“, вели Анџела Агелер. 

Агелер ова го изјави на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан, на која таа потенцираше дека корупцијата е проблем кој сериозно го зафатил регионот.  Таа најави дека во Македонија ќе се инсталира правосудна мрежа составена од професионалци кои ќе се ангажираат во борбата против корупцијата.

„Ние можеме заедно да ја изградиме  мрежата за борба против корупција од позиција на сила и доверба. Воодушевена сум да објавам дека формирањето на новата правосудна мрежа во Северна Македонија која ќе ги здружи професионалните од к ривично правнио сектор кои ќе с поделуваат искуства, ќе поттикнуваат доверба и ќе се поддржуваат едни со други во работата“, додаде Анџела Агелер.

Арбен Фетаи вицепремиер за добро владеење, истакна дека Македонија се соочува со критичен предизвик, бидејќи корупцијата ја има во секој агол на нашето општество.

„Како држава, Северна Македонија се соочува со критичен предизвик откако корупцијата ја има во секој агол на нашето општество, заканувајќи му се на владеењето на правото, дестабилизација на општественото ткиво  и еродирање на демократските вредности. Социјалната сигурност на нашите граѓани и интегритетот на институциите се под закана. И ние не смееме да дозволиме ова да продолжи“, вели Арбен Фетаи.

Инаку во однос на упадот на членовите на судскиот и обвинителскиот совет во Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, амбасадорката Агелер рече дека јавноста мора да ги дознае сите детали што се кријат зад овој случај.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓаши апелира институциите да преземат мерки за редовен градски превоз

Следно

Стојаноски до Спасовски: Безобразно е вие да поднесувате амандмани за подобрување на МВР

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Новата финансиска конструкција ќе ја забрза изградбата на пругата кон Бугарија

Владата останува цврсто посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, а во изминатите две години интензивно работи на забрзување на проектите кои биле наследени со застој, како и на започнување нови капитални

Македонската берза со позитивен финиш, промет над 6,3 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,00 поени. Во

Битола добива нов паркинг простор – обезбедени 25 нови паркинг места

Изградбата на нов паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денеска се асфалтираше површина од 1.100 квадратни метри, со што проектот е чекор поблиску до

Винисиус ги избриша сите објави од Инстаграм откако Реал му даде понуда

Винисиус Жуниор ги избриша сите содржини од својот Инстаграм профил само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понудил нов, подобрен договор. Тековниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година,

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев
Go toTop