Литванија трет противник на македонските кошаркари во квалификациите

November 21, 2024
1 min read

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија.

Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса.

Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ниту Итан Хап и ова е огромен хендикеп.

Првиот натпревар ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24 ноември.

По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

На Евробаскет 2025 година пласман автоматски како домаќин пласман обезбеди Полска, а нејзе ќе и се приклучат уште две најдобропласирани репрезентации. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ќе ѝ дозволат на Украина да користи американски противпешадиски мини за забавување на руското напредување

Следно

Пред пратениците Предлог-законот за за минимална плата поднесен од опозицијата

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop