Мицкоски го чека одговорот од банките во врска со субвенционрањето на Унгарскиот кредит

November 19, 2024
1 min read

„Се чека банките да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност таа да биде на пониско ниво и од 3,25%, како и да се утврдат некои детали во однос на критериумите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во врска со каматите за Унгарскиот кредит.

Таа посочи дека целта на Владата е да договори со банките и тие да имаат „општествена одговорност“, за да се поттикне поголемо инвестирање. Според министерката за финансии, барањето на премиерот Христијан Мицкоски за „општествена одговорност“, е затоа што и банките треба да одат во делумно субвенционирање на каматата.

„Премиерот имаше еден нов предлог. Ќе видиме како ќе се произнесат банките. Ние секако ќе ја субвенционираме каматата, но да видиме колку ќе можат банките пониско да ги пласираат средствата, дури и под 3,25%“, рече министерката, Димитриеска Кочоска.

Таа потенцира дека не станува збор за субвенционирање на каматата на компаниите кои ќе ги земат кредитите, туку дека фирмите треба да платат пониска камата од сегашната просечна, по која ги добиваат средствата од банките.

„Фирмите ќе плаќаат камата која ќе биде  пониска, од она што во моментот го добиваат од комерцијалните банки, во просек 4,9%. Сега ќе имаат можност да добијат дури и пониска камата од 3,25%“, рече министерката, во интервју за Сител.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Latest from Blog

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop