ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството

November 19, 2024
1 min read

Срамно е што опозициската СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за нивно покачување и посветено работи за подобрување на состојбите во здравството, се вели во партиската реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат после долги години во Македонија има влада која има слух за здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа за здравството и здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ активно работи на подобрување на состојбите во здравството преку вложување во здравствените работници со цел нивно задржување во државата, како и преку осовременување на технологии и методите на лекување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка и консултации со синдикатите и синдикалните организации постигна историски договор за покачување на платите на здравството.
Потпишан е анекс на колективниот договор за коригирање на коефициентите од 0,233 за сите здравствени работници и од 0,364 коефициент за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар. Со корекцијата на коефициентите на вработените во здравството со кој сите медицинските работници, уште од следната плата ќе добијат покачување од 2.450 денари. За разлика од СДС која ги заборави во целост медицинските сестри и останатиот средно-медицински кадар, ВМРО-ДПМНЕ покажува особена грижа за овој важен столб во здравствениот систем, така што и до крајот на годината истите ќе добијат покачување на платите од 3.850 денари. Освен покачувањето на платите од 10% кое што здравствените ќе го добијат годинава како резултата на корекцијата на бодовите од колективниот договор, покачување на платите во здравството од пет проценти ќе има и во март следната година. Покачувањето на платите на во здравството нема да застане тука, тоа продолжува и во следните 2026 и 2027 година каде што покачувањето се очекува да биде од 5-7% во зависност од кондицијата на буџетот, додека во 2028 година покачувањето на платите ќе биде од 7-10%, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова значи дека во четиригодишниот мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ платите на вработените во македонското здравство ќе биде од 40-50 проценти, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије: Шумски був забележан во есенскиот пејзаж на Улудаг

Следно

Малолетничка допирана по телото во училишен двор во скопско село

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од
Go toTop