Сиљановска Давкова се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите

November 19, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите, што во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) и Универзитетското студентско собрание – УКИМ, се одржа во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека студентите се промотори на критичката и слободна мисла, дека тие се Хермес на промените.

„Вие имате привилегија, но и одговорност, да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто“ нема напредок. Без вашето сомневање нема вистина. Вие го движите општеството, оти ве красат интелектуалната љубопитност и страст, без кои нема реформи“, рече Претседателката. Таа истакна дека амфитеатрите и библиотеките се интелектуални арени за жестоки и за плодни дебати, низ кои се манифестира и обликува критичкото мислење, нивните прашања се подеднакво важни како и нивните одговори, а нивната храброст да размислуваат поинаку го турка светот напред.

„Студентскиот живот ви овозможува да учите, но и да ги предизвикате учителите на интелектуален двобој!“, нагласи Претседателката додавајќи дека студирањето не е само академска потрага, туку и битка за вредности, соочување со реалноста и формирање на карактерот.

Претседателката им порача на студентите да не се откажуваат од младешките предизвици.

„Не плашете се од неуспехот зашто тој е само неминовен чекор кон успехот. Спорете со конечните вистини. Зачувајте ја младешката смелост и бунтовниот дух, тие се најголемите сојузници на прогресот“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот поздравно обраќање имаше Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело, а се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите под наслов „Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите“ што се одржа од 17 до 19 ноември, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одржа саем на студентски и младински организации, а во Ректоратот на УКИМ се одржа институционален дијалог. Свечениот настан вчеравечер содржеше целовечерна културна програма со цел вмрежување и забава, а беше лансирана и платформата за студентска работа „Линкер“.

Меѓународниот ден на студентите се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убиле 20 чехословачки студенти што протестирале против окупацијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно ја рушат Југославија

Следно

„Европска недела на претприемништво“: Низа активности за поддршка на малите и средните претпријатија

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop