Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции

November 19, 2024
1 min read

Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското општество, прашања поврзани со јакнењето на демократијата и владеењето на правото. Овие теми беа во фокусот на разговорите меѓу заменик министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков со претставници на Фондацијата за граѓанска Унгарија, која е партиска фондација на унгарската владејачка партија Фидес.

На состанокот, доцент д-р Трајков истакна дека нашата земја е целосно посветена на реформските процеси неопходни за напредокот кон Европската Унија, нагласувајќи дека партнерствата со организации како Фондацијата за граѓанска Унгарија можат да дадат значителен придонес во споделувањето добри практики и поддршка на граѓанските иницијативи кои го поттикнуваат демократскиот развој на земјата.

Таа ја подвлече важноста на зајакнување на улогата на граѓанското општество во европските интеграции, вклучително и зголемување на капацитетите на организациите кои работат на овие прашања.

Претставниците на Фондацијата за граѓанска Унгарија ја истакнаа својата подготвеност да ги споделат своите искуства од соработката со други земји во регионот, како и во поддршката на програми за градење капацитети во јавните институции и граѓанскиот сектор.

Тие ја изразија поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија, потенцирајќи дека интеграцијата на Западен Балкан е клучна за стабилноста и просперитетот на Европа.

Двете страни се согласија дека континуираната поддршка за граѓанскиот сектор е основа за успешно приближување кон Европската Унија и изразија подготвеност за идни иницијативи и програми насочени кон промовирање на европските вредности во нашата држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар изби во куќа во Желино, загина 90-годишен маж

Следно

Седум полицајци се киднапирани, осуммина милитанти убиени во жестоки судири во Северозападен Пакистан

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop