Туркије: Спектакуларен пејзаж на водопадот Акташ за време на есенската сезона

November 19, 2024
1 min read

ДУЗЏЕ (АА) – Водопадот Акташ, сместен во регионот на Дүзџе, е една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије, која секојдневно ги привлекува љубителите на природата и авантурата од земјата и странство, јавува Анадолу.

Водопадот, со своите води што паѓаат од висина од 50 метри, создава спектакуларен пејзаж кој истовремено нуди возбудливи и смирувачки моменти.

Водопадот Акташ е опкружен со бујна вегетација и разновидни растителни видови, при што остава силен впечаток кај посетителите, особено во есенската сезона.

На фотографиите од воздух, направени од фоторепортерот на Анадолу, од водопадот кој е опкружен со зелени и жолти дрвја, се гледаат есенските бои кои дополнително го нагласуваат неговиот шарм.

Локацијата нуди можности за прошетки, фотографирање и релаксација, додека звуците на водата и свежиот воздух создаваат атмосфера на целосна хармонија со природата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли

Следно

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop