Власта очекува 80 гласови за спој на АНБ и АР – пријавите против Бојан Христовски се уште во предистражна фаза

November 18, 2024
1 min read

Власта преговара за сигурно двотретинско мнозинство во Собранието. Велат дека кога ќе дојде време ќе информираат за кои пратеници станува збор. Тие повикуваат да им се придружат сите што ги споделуваат нивните политики. Во Собранието се очекува да се најдат повеќе закони за кои се потребни 80 гласови „за“, а меѓу нив и за оној што ќе овозможи спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

„Прво нека се најде законот на дневен ред, се надевам дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство колку што е и потребно. Јас сум убеден во тоа.“, вели Малиша Станковиќ.

Категорично против намерата за спојување на агенциите е опозициската СДСМ, а Европскиот фронт се уште не открива како ќе гласа.

„Допрва ќе излеземе со прес за ова прашање“, вели Рина Ајдари.

Опозициската пратеничка Славјанка Петровска, во интервју, истакна дека власта нема капацитет да ги спои двете агенции. Сепак, според неа, решението наскоро ќе биде пред пратениците за да се избегне повлекување од назначувањето на Бојан Христовски како прв човек на АНБ.

„Тоа ќе им биде еден исто така, во наводници, елегантен начин како тие да го избегнат повлекувањето на овој директор. Едноставно ќе назначат нов на таа заедничка разузнавачка служба“, вели Славјанка Петровска.

Во Обвинителството претходно беа споени две кривични пријави кои се однесуваат на назначувањето на Христовски за директор. Наводно, спорен е неговиот сертификат за познавање на англиски јазик издаден во Пловдив, Бугарија. Од Обвинителството за ТВ21 велат дека процесот е во предистражна фаза и обвинителите преземаат дејствија за да се утврди состојбата, но не откриваат какви.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

[Фото галерија] Во Битола изложба со фотографски записи за материјалното културно наследство

Следно

МОН: Потпишан Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop