Трајчулевски: Во Буџетот за 2025 Владата нема предивдено средства за раст на минималната плата

November 16, 2024
2 mins read

Пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ на расправата за Буџетот за 2025 година нагласи дека во овој буџет на се обезбедени средства за зголемување на минималната плата за работниците.

„Замислете на овој буџет, на овој надуен балон од 6,5 милијарди евра владата не успеа да обезбеди средства за оваа категорија на луѓе. На оваа држава му требаат и капитални проекти, и инфраструктура, и енергетика, но најмногу му требаат луѓето. Сите профили, и лекари и наставници и занаетчии и неквалификувана работна сила. Затоа што ги губиме луѓето. А кога ќе ги изгубиме луѓето бадијала е се друго. Затоа уште еднаш повикувам водете сметка за луѓето, овозможете достоинствен живот за да можат да останат тука дома до своите семејства. Прифатете ги амандманите на СДСМ во овој дел“, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулевски, во рамките на расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Според Трајчулевски, предложениот буџет за 2025 година нема допирна точка со економската реалност во државата и Европа и прекршува две важни фискални правила: висината на јавниот долг и висината на буџетскиот дефицит.

Тој истакна дека владата манипулира наведувајќи дека цели да ја подобри макроекономската стабилност и да поддржи економска активност, а во суштина таа ја нарушува макроекономската стабилност, без основа и потреба го зголемува буџетскиот дефицит на 4 отсто од БДП што е спротивно на Законот за Буџетите, според кој дефицитот не смее да надмине 3 отсто од БДП, а го зголемува јавниот долг.

„Во рамките на буџетот се предвидени енормно повеќе средства во ставките за плати и надоместоци кај сите буџетски корисници. Тоа оди во прилог дека намерата на владата е масовно вработување на партиски кадри во државните институции. Уште еден очигледен факт дека ова е изборен буџет. Значително се зголемени ставките за стоки и услуги. Нешто кое секогаш беше силно критикувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција и кое е контрадикторно со претходно наведените позиции дека ќе се води сметка за рационално трошење на народните пари“, нагласи Трајчулевски.

Тој додаде дека со буџетот се намалуваат средствата за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија од 80 милиони денари на 18 милиони и 530 илјади денари.

„Од друга страна за подршка на странските инвестиции се планирани 38,6 милиони евра. Сметам дека треба значително да се зголеми подршката за малите и средни домашни претпријатија и на тој начин да се покаже грижа за домашните компании“, рече Трајчулевски.

Како што истакна Трајчулевски, во делот на капитални расходи, во Буџетот нема ниту еден нов капитален проект, и истите се препишани од претходниот Буџет на претходната Влада.

„Најголемиот дел од овие капитални инвестиции отпаѓа на реализацијата на железничката пруга долж источниот дел на коридорот 8 и патните коридори 8 и 10д, оние кои ВМРО ДПМНЕ во опозиција ги квалификуваше како бандитски, криминални проекти, а за ВМРО на власт наеднаш станаа историски проекти“ рече Трајчулевски.

 За унгарскиот кредит, 250 милиони за општините и 250 милиони за компаниите, Трајчулевски нагласи дека станува јасно дека владата немала никаков концепт за користењето на овие средства.

„Мислам дека сега на сите им е јасно дека е целосно погрешен пристапот за распределба на средствата согласно единствениот критериум по глава на жител. Целосно погрешна е оваа политика на владатаа со која ги стимулира побогатите наспроти посиромашните општини“, нагласи Трајчулевски, додавајќи дека треба да се стимулираат помалку развиените со цел да го постигнат нивото на развој на поразвиените.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата

Следно

Се појави лажна страница на Зоолошката градина во Скопје – организира наградни игри

Latest from Blog

За Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)

ФОТО: Real Madrid FC/X Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година,

Волмарт добива 3 милијарди долари поврат од царините на Трамп, најавени се попусти

 Најголемиот американски малопродажен ланец објави дека ќе користи рекордни 2,9 милијарди долари поврат за да ги намали цените и да го поттикне купувањето, објавува „CNN“. Компанијата објави нето добивка од 6,4 милијарди

Полни маси, празен џеб

Речиси секој угостител вели дека прометот е рекорден, а профит сепак нема. Тефтер е иновативен POS систем што покажува каде оди заработката и расте заедно со локалот – од мало кафуле до

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во

Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

ФОТО: La Liga/FB Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е
Go toTop