Дали се прави уцена преку правниот систем? – Сомнежи уште за еден монтиран случај во судот во Куманово

November 15, 2024
1 min read

Емисијата „Inside21“ обезбеди ексклузивни снимки од местото на настанот каде се чини дека дошло до вербална расправија, која подоцна станала кобна за обвинетиот Б.М. Овој видео материјал кој како доказ го смета Основното обвинителство Куманово се покажа како недоволен за докажување на фактичката состојба. Но, според снимките, јасно се гледа  дека Б.М. се приближува до такси возилото каде што возач  бил М.П. а таму имаат вербална комуникација. Во ниту една од секвенците од овие 4 минути и 55 секунди не се гледа дека обвинетиот Б.М. е физички нападнат. Освен што ја отворил и затворил вратата не е забележан физички контакт, коиј предизвикал физички повреди на М.П. како што е наведено во обвинителниот акт на обвинителот на случајот Горан Пешевски.

„Додека жртвата седела во возилото, тој наеднаш го удрил со тупаница во пределот на главата и жртвата ја подигнала левата рака за да се одбрани, но во тој момент пријавениот силно ја турнал вратата за да ја затвори, нанесувајќи му тешка физичка повреда – фрактура во пределот на зглобот на левиот лакот и повреда на главата“, велат од ОЈО Куманово.

Оштетениот во случајов М.П не побарал итна медицинска помош иако Ургентниот центар на Градската болница бил пред улицата „Сава Ковачевиќ“ каде што се случил инцидентот. Случајот не го пријавил ниту во СВР-Куманово за да побара заштита од полицијата дека бил нападнат. Видео снимката од предметниот настан е преземена од безбедносната камера на установата за итни случаи. Овие слики покажуваат дека и по разговорот на двете страни, таксито се движело само неколку метри и останало таму неколку минути.

„Се наоѓаме пред Ургентниот центар во Куманово, каде веднаш преку патот е зградата каде што пред две години имаше градилиште, каде што се случи неславниот инцидент, за лицето кое сега е обвинето и ќе треба да сноси одговорност за проблем што тој не го направи“, вели репортерот на ТВ21.

Поради тоа, во Основниот суд се носи пресуда против обвинетиот Б.М. Условна затворска казна од 3 месеци!

„Обвинетиот Б.М. досега не осудуван и не се води постапка против него за друго кривично дело, се прогласува за ВИНОВЕН затоа што: На 22.12.2022 година околу 07:15 часот на ул. „Сава Ковачевиќ“ во Куманово, пред „Ургентен центар“, пред објектот во изградба, поради невнимание  тешко го повредил лицето М.П. во кој случај обвинетиот Б.М. Сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик. Се определува КАЗНА ЗАТВОР ОД 3 МЕСЕЦИ под услов во рок од една година да не стори друго кривично дело“, вели Основниот суд Куманово.

Ова решение беше обжалено од страна на одбраната на Б.М. но и Апелациониот суд ја потврдува одлуката на Кривичниот суд. По правосилната пресуда, органите на правдата, на оштетениот М.П. му отвора пат за почеток на уште еден правен процес, во Граѓанскиот суд за оштета за физичките, психичките и душевните последици…

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дрвошанов: Предлог-буџетот за 2025 година е развоен, со социјална компонента и реални нивоа на приходи и расходи

Следно

Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што
Go toTop