Ѓорѓиевски се сретна со вишиот директор на НДИ во земјава, Роберт Скот Хејзлет

February 16, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во земјава.

– На средбата присуствуваа и програмскиот директор Александра Цветковска, Александра Крстеска и Јасмина Кузмановска од НДИ Македонија. Во фокусот на разговорот беа проектите кои ги засегаат двете страни, и Општина Кисела Вода и НДИ, пред сѐ од областа на еднакви можности за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Гостите се интересираа и за целите на градоначалникот како новоизбран лидер на ЗЕЛС , по што беа дефинирани следните чекори за отпочнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ, се наведува во денешното соопштение на Општина Кисела Вода.

Скот Хејзлет ги презентирал нивните проекти од кои поголем дел се однесувале на државно ниво, „како и два многу важни за локалните самоуправи“.

– Се работи за унапредување на родовата еднаквост, која значи еднакви можности за мажите, жените и децата. Тоа подразбира и еднаква можност за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита со посебен акцент врз заштитата на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Морам да истакнам дека Кисела Вода е еден од лидерите во овој проект, што беше потенцирано и од страна на претставниците на НДИ, вели во пишана изјава градоначалникот.

Во фокусот на нивната понатамошна продлабочена соработка ќе било и унапредувањето на работата на општините.

– Таа ќе се одвива преку обуки во областите кои општините ќе ги таргетираат. На оваа срдечна средба, договоривме и ги прецизиравме нашите следни чекори за почнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ. Нашата цел е силни и развиени општини и посветено работиме на тоа, вели Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бројот на барања за згрижувачки семејства, по земјотресот од три се зголеми на 29.000 дневно

Следно

ТЕШКА СУДБИНА ЗА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ МУ ЈА ЧУВАШЕ ГЛАВАТА НА БРАТЧЕТО ПОД УРНАТИНИТЕ – храбрата мала Сиријка се соочува со пекол! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Сите плажи на Охридско-струшкото крајбрежје да ангажираат спасители на вода за претстојната сезона

Угостителските објекти во туристички Охрид безбедносно се подготвуваат за летната сезона. Зголемен е бројот на угостители кои периодов побарале обуки за ново вработените и сезонците за давање прва помош и за евакуација

Германија го поддржува повикот на Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина

БЕРЛИН (АА) — Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес изрази поддршка за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, известува Анадолу. Зборувајќи на

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот
Go toTop