Јаневска: Градиме поквалитетен образовен систем и добиваме значајна поддршка од организациите на Обединетите Нации

November 15, 2024
2 mins read

Министерството за образование и наука има одлична соработка со организациите на Обединетите Нации и среќна сум што ја продолжуваме, со јасна визија за целите кои треба да се остварат до 2030 година. Ова е период во кој треба да ја модернизираме образовната инфраструктура, да го дигитализираме образованието, а младите преку подолг престој во училиште и вклученост во активности кои ги интересираат, да стекнат вештини кои пазарот на човечки капитал ги бара.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу Македонија и Обединетите Нации.

-Со вака поставен образовен систем, нашите млади до 15 годишна возраст имаат 900 часови помалку од европскиот просек. Имаме намера подолго да ги задржиме на училиште и затоа воведуваме едносменска настава и продолжен престој, исполнети со нови наставни и воннаставни содржини, нови изборни предмети од интерес на младите, а не сосила наметнати, рече Јаневска.

Министерката додаде дека започната е реформа на гимназиското образование, која ќе го подобри квалитетот и ќе обезбеди поголема проодност кон високото образование, а за оваа цел, веќе се консултираат наставниците и учениците од повисоките години во гимназиите. Посочи дека ќе се донесе нов закон и нова Концепција за средно образование, како и Национални стандарди за постигањата на средношколците.

-Веќе работиме на унапредување на пошироката законска регулатива, не само во средното, туку и во основното, неформалното, учебниците и така натаму. Предложивме промени ќе го подобрат квалитетот на образовните услуги и ќе ги зголемат можностите, а најважно е што ќе овозможат мирна, хармонична и безбедна училишна средина, во која нема да постои сегрегација и дискриминација по ниеден основ, додаде министерката.

Домашниот и глобалниот пазар на човечки капитал наметнуваат потреби од одредени вештини, на кои ќе ги насочуваме младите – трансферзалните, дигиталните и зелените вештини, заради што, Јаневска информираше дека ќе треба да се дополнуваат наставните програми по одредени предмети.

-Особено ги издвојувам дигиталните вештини. Младите мора да знаат да користат нови технологии, да знаат што е вештачка интелигенција и како да ја применат за да остварат интерес кој е во согласност со етичките и моралните норми, додаде министерката за образование и наука.

Еден од приоритетите на МОН во следниот период, за кој ќе се бара поддршка од организации на Обединетите нации е дигитализацијата на образовниот процес и на услугите кои ги нудат институциите и образовните установи, а како што кажа министерката, националните определби доследно ги почитуваат меѓународно ратификуваните документи поврзани со дигитализацијата.

Очекувањата се дека во следниот период ќе има значителен раст на инвестициите во нови училишта, во реконструкција и во опремување на постојните, затоа што Владата има намера етапно, во текот на мандатот значително да го зголеми буџетот за овој ресор. Поддршка на оваа активност ќе биде процесот на оптимизација, со кој, нефункционалните училишта повеќе нема да прават огромни издатоци, а заштедените средства ќе се реалоцираат за подобри услови во функционалните школи.

Јаневска се заблагодари за досегашната поддршка од организациите на Обединетите Нации и изрази очекувања за зачестени средби со висока ефективност, заради остварување на новата рамка за соработка до 2030 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Реториката која доаѓа од ДУИ ќе биде уште пожестока, но не треба да ѝ се дава значење

Следно

Соопштени наградите на регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“ на тема помирување

Latest from Blog

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,
Go toTop