Убиени се 31 лице во израелските напади на истокот и југот на Либан

November 14, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Во нападите што израелската армија ги изврши во јужните и источните региони на Либан, животот го загубија 31 лице, известува Анадолу.

Либанското Министерство за здравство извести дека 6 лица, од кои 4 здравствени работници, се убиени во напад на објект што го користи Здружението за цивилна заштита во регионот Арабсалим Набатије, на југот на земјата.

Во израелски напад на областа Шааб во Баалбек, на истокот на земјата, убиени се 8 лица, меѓу кои 5 се жени, а 27 се повредени.

Во веста на либанската Национална новинска агенција (ННА) се наведува дека, според изјавата на локален лекар, 5 лица се убиени, а 7 се повредени како резултат на бомбардирање на куќа во Тир, на југот на земјата.

Уште две лица се убиени во воздушен напад и врз населбата Кана, во Тир.

Во израелскиот напад на Набатије, на југот на Либан, убиени се 4 лица, а Набатије е место на најтешките напади од почетокот на војната.

Израел ја разнесе и џамијата „Насер Саладин“, која се наоѓа во близина на Тир, во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сосема очигледно е дека сертификатот на Христовски не е реален, вели Спасовски

Следно

ГОЛ: Македонија во водство против Летонија

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop