Митески: Буџетот за 2025 година Општина Аеродром ќе го креира заедно со граѓаните преку транспарентен и инклузивен процес

November 14, 2024
1 min read

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески кој меѓу другото говореше и за предизвиците со кои се соочува истата како една од најурбаните и најбројни по население општини на територијата на Скопје.

Тој констатира дека по десетина години раководството во општината заедно со него, како градоначалник, го кројат Буџетот на општината за 2025г. на еден инклузивен начин, т.е на заедничка маса со граѓаните при што веќе два дена се одржуваат средби по различни училишта на територијата на општината.

„Вечерва сме во ОУ „Браќа Миладиновци“, средба од 19:30ч. и еве да ја искористам приликата да ги поканам сите граѓани кои што живеат во непосредна близина на училиштата да дојдат да не посетат на оваа средба“, потврдува и повикува на иницијатива за учество Митески.

Тој исто така ја споменува и вчерашната, а воедно и прва средба која се случуваше во Долно Лисиче, во подрачното училиште „Гоце Делчев“, каде граѓаните покажале особено голем интерес и одличен одзив.

„Оваа година како општина и како раководство на општината одлучивме процесот за креирање на буџет да го водиме преку еден инклузивен процес, каде што граѓаните ќе можат да даваат свои идеи на 9 вкупно средби кои што ќе се одржат во рамките на сите 9 основни училишта на територија на Општина Аеродром“, јасно прецизира Митески.

Митески појаснува дека распоредот за средбите е објавен како на социјалните мрежи, така и на самата веб страна на општината, а истиот циркулира и по медиумите. На овој начин граѓаните кои што живеат во непосредна близина на училиштата имаат информации и можат да го искористат како начин најблиску да се пријде до нив и да ги искористат овие средби да дадат свои предлози и идеи.

„Паралелно на тоа овозможивме и електронски преку отворена мејл адреса, idе[email protected], да доставуваат свои предлози за сите оние кои не се во можност физички да присуствуваат на овие средби и на тој начин преку еден транспарентен и отворен процес, заедно со граѓаните да го креираме Буџетот за 2025година“, вели Митески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбојкарите на Македонија ги дознаа противниците во Златната одбојкарска Лига

Следно

Нов апел до граѓаните од министерот Тошковски: Сменете ги возачките со новото уставно име

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop