СО ПРЕТСТАВА ЗА МОРАЛОТ, ИДЕНТИТЕТОТ, ПРЕДАВСТВАТА, НО И БОЛНИТЕ ПРЕМОЛЧУВАЊА, БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР УТРЕ СЛАВИ 80. РОДЕНДЕН

November 13, 2024
2 mins read

Роденденската претстава „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“, што премиерно ќе биде изведена утре во Битолскиот театар од 20 часот во чест на 80-годишното постоење на театарската куќа, ќе прикаже како во 1944 и денес се третираат идентитетското прашање, моралот и предавствата. Со едночинката „Петтоимениот Ѓоре“ на Владо Малески изведена на македонски јазик на 14 номеври 1944 започнал со работа најстариот македонски театар, Битолскиот. Новата претстава содржи три делови во кои режисерите Софија Ристевска-Петрушева, Јован Ристовски и Благој Мицевски даваат свое видување на темата.

„Најавуваме спектакл, најавуваме тема која за некого можеби ќе биде скандалозна, за некого провокација. Но, наше е да не дозволиме да си правиме автоцензура. На сцената ќе го видите тоа што некој пред 80 години го напишал и одиграл без наши дополнителни интервенции внатре во целото. И ако ме прашувате зошто трипати Ѓоре Магаревски во една претстава, ќе одговорам – за да не ја заборавиме поуката дека ако историјата ја заборавиме, ќе ни се повтори“ рече директорот на Театарот, Васко Мавровски.

Режисерката Софија Ристевска-Петрушева рече дека во нејзиниот дел сите актери се жени, само еден маж, а тоа е Сашо Димитровски кој го игра Ѓоре Магаревски.

„Доминира жената и како таа се справува со промената на идентитетот и сите проблеми што доаѓаат од тоа. Тие жени, тој народ пресудува на предавниците. Крајната идеја е единствено што е важно за секој човек на крајот на краиштата се честа, моралот, лојалноста и солидарноста. Колку и да е згодно да си предавник и да имаш бенфиции од тоа предавство, на крајот предавникот никој не го почитува“, рече Ристевска-Петрушева.

Режисерот Јовица Ристевски во неговиот дел од претставата се осврнува на премолчувањата.

„Едни луѓе во 1944 биле со идеологија. 80 години потоа, овој народ во овој момент не живее со иста идеологија. Порано сите го гледаа на ист начин сонцето, на ист начин се бореа за одредени вредности, а денес тоа недостига. Во мојот дел од претставата отворив делови што Македонецот ги преќутува. Она што го молчиме во претставата го има. Таа една непријатна тишина кога како граѓани се плашиме да ја изговориме вистината“, рече Ристовски.

Влезниците за утрешната претстава и репризата во петок се распродадени, а повторно претставата на репертоар ќе се игра на 13 и 14 декември. (Фото: Битолски театар)

Благој Мицевски рече дека во неговиот дел актери се мажи, жена е само Виторија Степановска.

„Мојот дел е некако документарен, го интерпретира интегрално текстот со мали интервенции во еден говор на Огнен Дранговски која е лична приказна, за која мислевме дека е потребна да се заокружи мислата дека таа историја се повторува и дека ни се слчучува и сега во моментот. Целиот проект го гледам како потрага по тоа што е вистина, кои се наши херои, а кои предавници“, рече Мицевски.

Во претставата игра целиот театарски ансамбл, дури и пензионирани и невработени актери од Битола. Сценограф е Валентин Светозарев, костимите се на Мицевски и Андреј Ѓоргиевски. Автор на плакатот е Сашо Илковски. Влезниците за утрешната претстава и репризата во петок се распродадени, а повторно претставата на репертоар ќе се игра на 13 и 14 декември кога ќе биде промовирана и монографијата за 80 години Народен театар Битола.

Пред утрешната премиера ќе биде отворен изложба на плакати и постери за претстави на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, поголемиот дел оригинали.

„Ќе се слуша музиката на Бојаџиев за која на Стериино позорје добил награда за најдобра музика и до денес е единствениот Македонец кој ја освоил таа награда за таа категорија. Тоа ќе го емитуваме на првиот плеер касеташ што го имал Народниот театар и ќе го изложиме печатарот на кој во Театарот во 1960-тите се печателе плакатите“, рече Мавровски.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Следно

Во прекин патот Делчево – Македонска Каменица поради сообраќајка

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на

Денеска на Мундијалот: Светот очекува нов спектакл на Меси, Мбапе, Олисе, Халанд…

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И

ЛЕТЕН ПЕКОЛ ВО ФРАНЦИЈА: Се затвораат стотици училишта, температурите до 42 степени однесоа 16 жртви!

Францускиот министер за национално образование, Едуар Жефре, соопшти дека денеска 845 училишта и факултети во таа земја ќе бидат затворени поради жештините, а дополнителни 1.800 ќе ги прилагодат своите распореди за да
Go toTop