Почина еден од најталентираните еквадорски фудбалери, имаше само 23 години

November 12, 2024
1 min read

Еден од најталентираните еквадорски фудбалери и репрезентативец на оваа јужноамериканска држава почина на 23-годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа, јавија денеска локалните медиуми.

Марко Ангуло, кој беше член на еквадорскиот прволигаш ЛДУ Кито, повеќе од еден месец беше во болница на интензивна нега и во тој период му беа извршени неколку операции по тешката сообраќајна несреќа во октомври во Кито.

Во несреќата загинаа други две лица, меѓу кои и 22-годишниот фудбалер Роберто Кабезас.

Ангуло беше еден од најголемите таленти на еквадорскиот фудбал, а забележа и три настапи за репрезентацијата на Еквадор.

Во дресот на Индепендиенте дел Вале го освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години. Кратко настапуваше и во американската МЛС за тимот на Синсинати, по што се врати во татковината. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новите израелски воздушни напади се убиени 10 лица, меѓу кои 7 се деца

Следно

Мицкоски објави план за борба со загадувањето, вели решението не може да биде магија, опозицијата со контра-обвинување

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop