Локалните самоуправи, МОН и меѓународните партнери успешно работат на оптимизацијата на училишната мрежа, 10 општини со готови планови

November 12, 2024
1 min read

План за оптимизација на училишната мрежа веќе изработија 10 општини. Процесот продолжува кај 22 општини. Локалните самоуправи ја разбираат и ја поддржуваат оптимизацијата, којашто е одговор и на нивните барања и заложбите на ЗЕЛС за пообјективна распределба на блок дотациите. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

„Клучна цел на промените што ги правиме е да го подобриме квалитетот на образованието – да изградиме релевантно и ефикасно образование кое ќе им овозможи на учениците да стекнат употребливи знаења и вештини за личен и професионален развој како и за развој на државата. Кажавме дека ги зголемуваме буџетските средства и во 2025 ќе има најголем буџет за образование досега а таква тенденција ќе има и во следните години. Но, парите на граѓаните мораме да ги трошиме рационално и ефективно. Тоа го постигнуваме со процесот на оптимизација на училишната мрежа, што го почнавме од основните училишта“, рече Јаневска.

Оптимизацијата овозможува подобро искористување на финансиските и човечките ресурси во Образованието, а од друга страна поквалитетна настава и подобри постигнувања на учениците. УНИЦЕФ и Светска банка го поддржуваат спроведувањето на локалните планови за оптимизација, изработени во консултација со учениците, родителите и наставниците во училиштата.

Јаневска укажа дека оптимизацијата на мрежата на училишта многу внимателно се реализира, во соработка со сите релевантни чинители, за да се обезбеди дека учениците добиваат најдобри можни услови за образование, наставници полн ангажман, а локалните заедници правична и ефикасна распределба на буџетски средства.

Заблагодарувајќи се на локалните самоуправи за добрата соработка, Јаневска им посака успешна работа на новата група општини кои почнуваат со изработка на плановите за оптимизација, упатувајќи ги да ги користат искуствата на општините што веќе ја завршиле, но и на редовна комуникација со Министерството за образование и наука, кое е тука за поддршка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борисов ги продолжува преговорите за состав на нова бугарска влада

Следно

Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите, вели Мицкоски

Latest from Blog

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.
Go toTop