Лимани: Со Договорите за соработка се овозможува бесплатен престој и згрижување на околу 350 деца Роми во детските градинки

November 12, 2024
1 min read

Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во предучилишно образование“, денеска се потпишаа трипартитните договори за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, 21 општина и детските градинки во истите.

Со Договорите за соработка се овозможува бесплатен престој и згрижување на околу 350 деца Роми во детските градинки, а е обезбеден преку блок дотациите што ги доделува Министерството до општините.

Во своето обраќање пред присутните министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани информираше дека во текот на изминатите 16 години од имплементацијата на проектот биле вклучени бесплатно над 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, со ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца олеснувајќи го процесот на интеграцијата на ромските деца во детските градинки.

„Важно е да се напомене дека ромските деца не беа сместени во сегрегирани групи во градинките, туку во интегрирани групи заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија. Во секој Извештај за Прогресот на Република Северна Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација,“ рече Лимани.

Тој посочи и дека, проектот придонел за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, но и како држава да станеме лидер во регионот со најголем број на вклучени деца Роми, во сите нивоа на образование.

Од 2019 година со препорака на Владата овој Проект се имплементира преку системски пристап со вклучување на општините, за ослободување од партиципација на родителите на децата Роми што се во социјален ризик.

„Вложувањето во образованието на децата Роми е од суштинско значење и придонесува кон побрза интеграција на Ромската заедница во општеството. Образованието на Ромите ја прикажува реалната слика и нивото на нашата култура како општество и држава,“ порача Лимани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка сообраќајка на автопатот кај Демир Капија, возач на камион загинал на лице место

Следно

Стотици семејства се принудени да го напуштат Беит Ханун поради израелските напади

Latest from Blog

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна
Go toTop