Стотици семејства се принудени да го напуштат Беит Ханун поради израелските напади

November 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија насилно расели повеќе од сто палестински семејства од нивното засолниште во градот Беит Ханун за време на големата офанзива во северниот дел на Појасот Газа, изјавија денес очевидци, известува Анадолу.

„Израелските сили опколија околу 130 семејства во засолништето во Беит Ханун и ги натераа да заминат под закана со оружје“, рекоа очевидци.

Присилното раселување се случи откако израелската армија ја прошири офанзивата врз градот како дел од воените операции во северниот дел на Појасот Газа.

Медицински извор изјави дека се убиени три лица, а неколку се повредени во израелските напади врз три куќи во градот.

Израелската војска продолжува со смртоносната офанзива во северниот дел на Појасот Газа започната на 5 октомври, наводно за да го спречи Хамас да се прегрупира за време на опсадата на подрачјето. Меѓутоа, Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно го раселува населението.

Нападот е последна епизода на израелската геноцидна војна во Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Локалните здравствени власти објавија дека од 7 октомври минатата година досега се убиени повеќе од 43.600 луѓе, главно жени и деца, а околу 103.000 се повредени.

Поради израелските напади е раселено речиси целото население на територијата, а тековната блокада на подрачјето доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лимани: Со Договорите за соработка се овозможува бесплатен престој и згрижување на околу 350 деца Роми во детските градинки

Следно

Почина неврохирургот проф. д-р Владимир Мирчевски

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop