Загадениот воздух ги напаѓа белите дробови, но и мозокот на децата и возрасните

November 12, 2024
1 min read

Скопјани со денови дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки живот, смрт која може се спречи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро.

Иако маглата се крена, остана загадениот воздух во главниот град. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а најлоши се резултатите од мерната станица во Лисиче каде имаше и десетпати поголемо загадување од дозволеното со ПМ 10 честици. Екстремно аерозагадување утрово имаше и во Тетово, Кичево, Охрид и Струмица, покажуваат мерењата на Министерството за животна средина.

Загадениот воздух, пред се во главниот град каде има најголема концентрација на домови и жители, не е новина годинава. Проблемот се влече со години, но освен бледи мерки и гласност од партиите кога се во опозиција, нема долгорочно решение за него. Сепак последиците се загрижувачки. Како што појаснува Мирјана Димовска, од Институтот за јавно здравје, од сите луѓе што починале, за 20% причина бил загадениот воздух. Тоа се во просек околу 4000 животи годишно.

Таа со години го следи аерозагадувањето и смртноста во земјава. Нејзината последна студија, за перидот 2019-2021 година, покажала дека проценетата смртност од загадувањето на амбиентниот воздух во земјава се движи од 3.828 до 4.175 животи. Во овие три години има мал пад на загадувањето со ПМ 2,5 честоци, кои се многу опасни, ама се појави Ковид пандемијата која влијаеше врз раст на смртноста на македонското население.

Брановите на загаден воздух, најмногу ги засегаат ранливите групи граѓани, како децата, старите лица, бремените жени, појаснува Димовска. Затоа и студиите покажуваат дека децата од градови како Скопје многу почесто се разболуваат од нивните врсници кои живеат во чиста средина. Ситните ПМ честички, посебно оние под 2,5 микрони, лесно стигнуваат во системската циркулација, правејќи штета на сите ткива и органи. Ако краткорочните ефекти од аерозагадувањето се гледаат по полните амбуланти деновиве, долгорочните се многу пострашни, предупредува докторката.

„Податоците се застрашувачки. Се забележуваат преку зголемување на смртноста од циркулаторни заболувања мозочни и удари и инфаркти, периферни тромбози, оштетувања на периферни крвни садови, дијабетот 2 е асоциран со изложеност на загаден воздух“, набројува докторката.

Студијата на УНИЦЕФ од 2019 година покажа дека кај децата ова носи до раст на стапката на аутизам и синдромот на дефицит на влијание, а кај повозрасните – до раст на лица со Алцхајмерова или Паркинсонова болест.

Од Институтот за јавно здравје овие статистики се испраќаат до Министерството за животна средина, па до нив пристап имаат сите институции, како македонски, така и европски. Сепак, изостанаа конкретни реакции на властите во текот на последниот бран на загаден воздух зимава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето

Следно

Суспендираниот обвинител Мустафа Хајрулахи закажа прес конференција: Кон мене се врши невиден притисок

Latest from Blog

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот

Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што денес и утре се одржува во Тирана, Албанија. Министерот Муртезани беше говорник на панелот на тема „Албанците во регионот

Строги правила и мониторинг за малите хидроцентрали – решение за стабилна енергија

Македонија е соочена со енергетска саморанливост и застарени капацитети за базно производство на електрична енергија. Потребно е што поскоро да се изградат нови производствени капацитети за базно производство на електрична енергија, како хидроелектрани и гасни когенеративни

Ѓорѓиевски најави: Скопје станува нова дестинација на фестивалот „EXIT“

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина
Go toTop