Ќе го одржи ли Трамп ветувањето?

November 12, 2024
1 min read

„Еве го мојот план да го сoпрам хемиското, физичкото и емоционалното осакатување на нашата младина. Уште првиот ден, ќе ја отповикам суровата политика на Џо Бајден за таканаречената „грижа за потврдување на родот“ – смешно – процес кој вклучува давање блокатори на пубертетот, мутирање на нивниот физички изглед и на крајот извршување операција на малолетни деца, “напиша во февруари 2023-та Доналд Трамп.

„Ќе потпишам извршна наредба со која ќе ѝ се наложи на секоја федерална агенција да ги прекине сите програми што го промовираат концептот на полова и родова транзиција на која било возраст. Потоа ќе побарам од Конгресот трајно да го спречи користењето пари од федералните даночни обврзници за промовирање или плаќање на овие процедури и да донесе закон со кој се забранува сексуално осакатување на деца во сите 50 држави.

Ќе објавам дека која било болница или давател на здравствена заштита што учествува во хемиско или физичко осакатување на малолетни лица, повеќе не ги исполнува федералните здравствени и безбедносни стандарди за Medicaid и Medicare – и веднаш ќе биде тргнати од програмата.

Понатаму, ќе го поддржам приватното право жртвите да тужат лекари кои непростливо ги извршиле овие процедури врз малолетни деца.

Министерството за правда ќе ја испита Големата Фармација и големите болнички мрежи за да утврди дали тие намерно ги прикривале ужасните долгорочни несакани ефекти од „сексуалните транзиции“ со цел да се збогатат на сметка на ранливите пациенти. Во овој случај, многу ранливи. Исто така, ќе испитаме дали Биг Фарма или други нелегално пласирале хормони и блокатори на пубертетот, кои не се лиценцирани или одобрени за ваква употреба.

Министерството за образование ќе ги информира државите и школските области дека ако некој наставник или училишен службеник му сугерира на дете дека можеби е заробено во погрешно тело, ќе се соочат со тешки последици, вклучително кривични пријави за полова дискриминација, и ќе бидат елиминирани од федералното финансирање.

Како дел од нашето ново тело за акредитација на наставници, ќе промовираме позитивно образование за основното семејство, улогите на мајките и татковците и славење наместо бришење на оние работи што ги прават мажите и жените различни и единствени.

Ќе побарам од Конгресот да усвои закон со кој ќе се утврди дека единствените полови признати од американската влада се машки и женски – и тие се доделуваат при раѓање. Тој закон истовремено ќе им забрани на мажите да учествуваат во женски спортови. И ќе ги заштитиме правата на родителите да не смеат да бидат принудени да се согласат со пол или идентитет кои би ги одбрал нивното малолетно дете.

Ниту една сериозна земја не треба да им кажува на своите деца дека се родени со погрешен пол – концепт за кој никогаш не се слушнало во целата човечка историја, сè додека радикалната левица не го измисли пред само неколку години.

Под мое лидерство, ова лудило ќе заврши.“

Доналд Трамп, февруари 2023

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зимски температури и утрово во Македонија, најмногу дожд наврна во Крива Паланка

Следно

Поранешниот израелски премиер Олмерт смета дека Израел ја уништил Газа

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop