Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

November 11, 2024
1 min read

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата.

-Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време, изјави Деспотовски, пренесе телевизијата.

Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала.

-Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци, изјави Деспотовски.

Освен Венко Филипче кој што беше избран за претседател, СДСМ во моментов се уште нема раководство. Новите структури треба да се изберат на 24 ноември на конгрес.

-Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново, изјави Деспотовски, пренесе АЛФА.

Деспотовски беше и кандидат за претседател на СДСМ, на последните внатрепартиски избори.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

Следно

Сиљановска – Давкова, Меџити и Божиновска отпатуваа во Баку, Азербејџан

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop