Туркије: Снимките од Кахраманмараш пред и по земјотресот го покажуваат размерот на разорувањето

February 16, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Снимките од воздух направени во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот во Туркије, на фреквентните улици во градот пред и по катастрофата, го открија размерот на разорувањето, јавува Анадолу.

Многу згради се уништени во окрузите Дулкадироглу и Оникишубат, кои најмногу се погодени од земјотресите.

Земјотресите во Кахраманмараш, во кои загинаа илјадници луѓе, уништија висококатници, особено на две важни градски улици, Азербејџанскиот и Трабзонскиот булевар.

Сазибеј, каде што се наоѓа стадионот, стана една од населбите кои ги почувствуваа разорните последици од земјотресот.

Зградите околу стадионот се претворија во урнатини.

И минарето на Џамијата „Улу“, која се наоѓа во близина на Плоштадот „Ататурк“, се урна во силниот земјотрес.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија 11 области населени со над 13 милиони луѓе и уништувајќи илјадници згради.

Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 члена на тимовите за пребарување и спасување. Вкупно 216.347 лица се евакуирани од регионите во Туркије погодени од земјотресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меси не планира да го продолжи договорот со ПСЖ?

Следно

Израелскиот министер за надворешни работи пристигна во Киев каде што ќе ја отвори Амбасадата

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop