Мицкоски: Прилеп ги живее промените, почнува рехабилитација на влезот во градот

January 9, 2023
1 min read

Мои прилепчани, заедно минавме една исклучително тешка година. Се соочивме со сите недостатоци и негрижата на минатата администрација, но и со последиците од економската и енергетската криза како продолжение на здравствениот хаос. Сепак со посветеност, љубов, разбирање и чесна работа многу направивме и заедно го вративме Прилеп на колосекот на урбано живеење. Прилеп повеќе не е град на сивилото и безнадежноста, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовчески истакна дека со добро менаџирање и домаќинско работење исплатени се речиси половина од вкупно 300 милиони денари наследени обврски и го трасира патот кон исполнување на дадените ветувања.

– Рекоструиравме и саниравме голем дел од улиците. Исчистени се над 6.000 метри квадратни отпад од дивите депонии и обновени се парковските површини, ги вративме фонтаните. Со чесна работа го завршивме виталниот проект за водоснабдување на градот, а особено сум горд што ги подобривме условите за работа во сите училишта во Прилеп, рече тој.

Јовчески нагласи дека тука не застанува и за следната година планирано е уште повеќе.

– Во буџетот кој заедно се планираше најмногу се посветивме на инфраструктурата. Речиси 2 милиони евра за рехабилитација на прилепските улици како и за изградба на два кружни трка, зафат вреден 1,5 милиони евра со што значително ќе се подобри сообраќајот во градот. Тука е и вашето барање за повеќе подземни контејнери за што одвоивме 6 милиони денари, проект произлезен од акцијата за заедничко креирање на буџетот на Прилеп. Благодарен сум за вашата доверба. Заедно ќе направиме многу за наш Прилеп. За иднината на Прилеп, изјави Јовчески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Прилеп годинава ќе отпочне со рехабилитација на влезот во градот од страна на Македонски Брод, капитален проект вреден речиси 2,5 милиони евра, Прилеп се менува и ги живее промените.

– Прилеп покажа дека промени се можни. Секој еден ден, секоја една промена значи нова победа на надежта, победа на чесноста и победа на граѓаните, наспроти апатијата и безнадежноста. Стоевме зад секое ветување така ќе биде и понатаму со проектите што го подобруваат животот во Прилеп, а прилепчани ги живеат Промените на дело, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу 40 отсто од компаните во Германија очекуваат пад на деловната активност оваа година

Следно

Земјотрес во соседна Грција – еве каде бил епицентарот

Latest from Blog

Расте бројот на жртвите во рударската несреќа во Кина (ВИДЕО)

Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју

Спас во последен момент- прекината е егзекуција на затвореник, не можеле да му ја најдат вената

Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да

Сиљановска: Безбедноста е на највисоко ниво, нема основ за шпионажа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Таа вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата

По бод за Фиорентина и Аталанта!

ФОТО:.facebook.com/atalantabc/ Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“.
Go toTop