Археолошки истражувања: Трескавец се потврдува како милениумско духовно светилиште и живеалиште

November 10, 2024
1 min read

Најновите археолошки истражувања го потврдуваат Трескавец како милениумско духовно светилиште и живеалишен комплекс со стратешко значење, констатираат од Институтот за старословенска култура од Прилеп кој ги заокружи годинашниве археолошки истражувања за античката населба Колобаиса на Трескавец. Воедно, Институтот, преку проект на Министерството за култура за првпат направи виртуелна прошетка на Трескавец која секој заинтересиран може да ја види на веб страницата на Институтот.

-Нашите археолошки истражувања се, на некој начин, продолжување на она што се прави во континуитет веќе една и пол деценија, во однос на откривањето на оние постари слоеви за егзистенцијата на овој простор кој во средниот век добива манастирска функција преку манастирот Трескавец. Овие истражувања се за да се заокружат претходните. Всушност, се дефинира целокупниот обем на античката населба и претставуваат основа за понатамошни, детални истражувања. Со самото откривање на овие постари слоеви на живот кој овде егзистирал уште од антиката, се покажува оној континуитет што го има користењето на просторот веќе два и пол милениума. И во духовна и во живеалишна функција, вели Александар Василески, директор на Институт за старословенска култура од Прилеп.

Досега се откриени делови од некогашниот централен дел од античката населба Колобаиса во кој подоцна е адаптиран и изграден манастирот Трескавец. Откриени се и делови од влезната партија на населбата, станбени објекти и со овие истражувања, генерално, се дефинирани сите карактеристики кои ги имала римската и доцнаантичката населба, додека со истражувањата во внатрешноста на манастирскиот комплекс, се дефинирани некои од пораните фази од егзистенцијата на Манастирот, почнувајќи од 12,13 и 14 век.

Христијан Талевски од Институт за старословенска култура објаснува дека проектот за виртуелната прошетка на комплексот Трескавец, светски заштитено културно наследство, е со идеја да се обезбедат релевантни информации и да се комуницира на соодветен начин со пошироката јавност. Тоа е голема туристичка актрактивност.

-Виртуелната тура има за цел да се допре до повеќе категории посетители. Една од целите е и да се подигне нивото на свест за значењето на остатоците од минати човечки активности. Виртуелната прошетка е слободно достапна за секого. Преку интернетот и притискањето на копчињата, се доаѓа до различни позиции на целиот комплекс Трескавец, вели Талевски.

Трескавец е возобновен по пожарот од 2013 година. Останува да се доизгради водоводот за што локалните власти најавуваат дека за брзо ќе биде завршен проектот. Инаку во тек е проект за заштита на манастрирската црква „Успение на Превета Богородица“ каде прво треба да се реши најголемиот проблем кој може да направи неповратна штета – влагата која може да ги уништои фреските.

Извор: МИА

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановиќ: Трамп е нагатива за македонската економија, нема сомневање

Следно

Министерот Мисајловски положи свежо цвеќе на британските воени гробишта

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува
Go toTop