Комисијата била на став дека не треба да се поддржи издавање на грамофонски плочи со оглед на застареноста и предност е дадена на цеде изданијата

February 16, 2023
1 min read

Повеќе од 30 години Тошо Филиповски е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Музичкиот новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската популарна музика е еден од добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година во областа на публисцистиката, што ја доделува Министерството за култура.

Годинава, Филиповски реагираше на резултатите од Годишната програма каде му биле одбиени овие проекти:

МОНОГРАФИЈА: ГОТРА (Горан Трајкоски) – 45 години творештво / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ИЗЛОЖБА: 60 години рок музика во Македонија – Ретроспектива низ неколку илјади артефакти / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ГРАМОФОНСКА ПЛОЧА: Двоен албум, “History of Macedonian Rock’roll – Macedonian punk/hc 1979-2004 (необјавени снимки на 50-ина македонски бендови) / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес

ПРЕДАВАЊЕ: Серија на предавања за Историја на Македонската Рок Музика (1963-2023), во Њујорк, Чикаго, Детроит, Атланта / САД / пред македонските иселеници (нивните млади поколенија) / (побарана само авионска карта до САД) / ОДБИЕНО – Не е од Национален интерес, пишува Тошо Филиповски на својот фејсбук профил споделувајќи го незадоволството од резултатите на Годишната програма на Министерството за култура.

Комисијата била на став дека не треба да се поддржи издавање на грамофонски плочи со оглед на застареноста на овој тип и фактот дека нивната примена не е од пошироки размери. Таков став беше за сите апликации и предност беше дадена на цеде изданијата,  рече министерката Костадиновска-Стојчевска на брифинг со новинарите.

Што се однесува до објавување на монографијата за Горан Трајковски по повод 45 години творештво беше посочено дека истата би требало да се објави за 50 години творештво.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Терзиќ за тркот на Адејеми: Бип-бип

Следно

Илон би владите низ светот малку да се раздвојат меѓу себе

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop