Владата скрои новогодишна кошничка со дефинирани цени и производи

November 9, 2024
1 min read

Владата скрои новогодишната кошничка што ќе им ја збогати празничната трпеза на граѓаните. Дефиниран е списокот со производи и цени, пренесе ТВ АЛФА. Премиерот Христијан Мицскоски е задоволен од резултатите што ги даде есенската, а во пресрет на зимата најави и нова кошничка со која граѓаните повторно ќе ги почуствуваат ефектите. Мицкоски жали што опозицијата неосновано критикува бидејќи бројките и резултатите  не кореспондираат со лагите на сдсм за екектот од намалените цени со мерката есенска кошничка.

По џебот на граѓаните не удираат само високите цени на производите. Пред стартот на зимата којашто се најавува дека ќе биде предизвикувачка со ниски температури, премиерот е оптимист дека нема да има поскапување на електричната енергија. Тој најави за средината на следната недела позитивни вести во однос на снабдувањето и стабилноста на енергетскиот сектор во земјава.

Дополнително премиерот најави и продолжување на уште една мерка. Ваучерите за инвертер климите за граѓаните ќе бидат достапни и следната година. Изминативе денови Владата додели над шест илјади ваучери или околу 155 милиони денари за енергетска ефикасност, но и за социјално-ранливи потрошувачи. Доделените ваучери имаат вредност од 23 или 25 илјади денари за енергетска ефикасност и од 27 до 30 илјади за ранливите групи потрошувачи.

ЛИНК ДО ОРИГИНАЛНИОТ ИЗВОР И ВИДЕО

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

Следно

Секое второ дете во Прилеп се соочува со проблеми во говорот

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop